Блекаут

09 January 2010

Предвидување: Јосиповиќ ќе победи на изборите во Хрватска

Кога би требало да се обложам на тоа кој ќе победи на утрешните претседателски избори во Хрватска, би ги ставил парите на Иво Јосиповиќ, а не на Милан Бандиќ.

Иако Јосиповиќ е фаворит А1 вели дека се можни обата исхода. Независно од анкетите и резултатите од првиот круг, со примена на методот кој го тестирав во рамки на истражувањето на Метаморфозис за примена на новите медиуми во текот на изборите во Македонија 2009 (PDF), сметам дека Јосиповиќ има поголеми шанси.

Накратко, на македонските претседателски избори според измерената поддршка на Фејсбук пред гласањето можеше да се предвидат резултатите на гласањето со разлика помала од еден процент. Проценката опфаќа пронаоѓање на формите на поддршка со најмногу поддржувачи и нивна споредба. Во случајот на Хрватска, тоа се страниците на Иво Јосиповиќ, кој пред изборите има 22.729 поддржувачи, како и на Милан Бандиќ кој има 20.853 поддржувачи. Ова би значело дека Јосиповиќ би освоил 52,15%, а Бандиќ 47,85% од гласовите (важечките гласачки ливчиња).

(Податоците се од 20 часот на 9.1.2010 и до самите избори може да има промени во бројот, но со оглед на постигнатата критична маса процентите најверојатно ќе останат блиски.)

Да видиме дали и овој пат Фејсбук ќе се покаже како добро средство за предвидување.

3 comments:

Anonymous said...

uhh, nerealno e toa
josipovic ke tepa so minimum 10%, ako pratis hrvatska politika

Развигор said...

Да видиме. Мене во основа ме интересира за колкава ќе биде разликата од ситуацијата на Фејсбук. Оти во Македонија беше многу мала, како што можеш да видиш од истражувањето.

Македонскиот примерок на поддржувачи во вториот круг беше 0,26% споредено со вкупното население, додека хрватскиот е 0,97%, па е интересно да се види дали и тоа има влијание.

Anonymous said...

ete, so bajagi razlika pobedi josipovic