Интересот за аферата Викиликс во македонската јавност не стивнува. Неделава веќе поминаа два најавени настани, Сподели кино во галерија 7 и една дебата „Зборно место“ во ГЕМ-клубот, а денес треба да се одржат панел дискусии во Клуб на новинари.
Надоврзувајќи се на претходниот пост за онлајн дебатата за Викиликс*, еве уште неколку линкови.
- На Окно темата Викиликс се следи постојано, а последниот текст на Никола Гелевски, со кој го објаснува поимот Паноптикон ми се чини особено корисен и за градење општа култура.
- Новица Наков исто така ја следи темата, мислам дека е особено релевантна неговата забелешка за македонскиот контекст на Викиликс, а посочува и на анализа на политичката филозофија на Џулијан Асанж.
- Филип Петровски објави колумна во Утрински за Асанж како Робин Худ, што ми се чини е едно од ретките анализи во традиционалните медиуми на македонски јазик.
На барање на читателите од постот за стрипови за Викиликс*, еве линк до една карикатура за „првиот викиликер“.
Еве и верзија на документарецот Викиребелс кој бил прикажан на Сподели кино објавена на Јутјуб.
1 comment:
И Алекс, и Алекс!
Post a Comment