Книгата „Лицата на невидливиот град“ е замислена како некој вид интимен и приватен портрет на Скопје. Авторите поканија 36 луѓе да го изберат нивното омилено место во градот и да ја раскажат сопствената приказна за тоа место. Фотографот Иван Блажев на избраното место направи портрет на фотографираните лица, најчесто составен од две фотографии.
Меѓу тие што посведочија бев и јас. Од размите омилени места низ градов решив да раскажам за Топанско Поле на моето детство.
Подолу е и приказ на неколку страници од книгата во нејзината форма за печат. Доста луксузно изгледа и мислам дека може да послужи како добро средство за комуникација со луѓе кои го знаат Скопје, а живеат надвор од него.
Претставувањето ќе биде во рамки на Новогодишниот саем за книги, на кој ќе бидат претставени и неколку други нови изданија.
No comments:
Post a Comment