Во градот Скопје, на брегот на реката Вардар, под
лавот од типот „Грингер“ најблизок до Кале, има релјеф на кој навидум се прикажани филозофот Аристотел и младиот принц Александар на час. Аристотел држи свиток на кој пишува „
ΔEMO КРАТИ
YАТА Е ОСНО
VA НА СΛО
BOΔATA“ што би можело да се прочита „Демократијата е основа на слободата“.
 |
Антички ученик кој наликува на идниот крал Александар III и
антички учител кој наликува на филозофот Аристотел на релјеф од Скопје 2014. |
Нема податоци за тоа кој е Накнадно дознав дека Коки Јанев е авторот на ова пропагандистичко дело од проектот Скопје 2014, но поуките што ги пренесува се тотално спротивни на историските податоци. Од општа култура ми изгледаше нелогично да се прилепува учење за слобода и демократија на кралот Александар, чија цела кариера се базирала на воспоставување и одржување апсолутна власт. Тој не само што се сметал за апсолутен земски владетел, туку се сметал и за бог, или барем во поскромните моменти, син на бог.
За повеќе информации за Аристотел се обратив и до проф. д-р Катерина Колозова од
Институтот за општествени и хуманистички науки, оти знаев дека нејзиниот научен опус опфаќа и анализи на тој историски период. На пример, едно од нејзините дела е книгата
„Хелените и смртта“. Таа ми пиша:
„Ако учителот на овој релјеф навистина
треба да го претставува Аристотел, би му препорачала на авторот да прочита нешто од Аристотел или, барем, да истражи на интернет. Аристотел ја темели својата политичка мисла на критика на демократијата и ја брани идејата на аристократскиот/монархистички поредок.“
Македонските кралеви кои подоцна станале и персиски шахови власта ја практикувале тотално недемократски. Александар, а и татко му, отворено се однесувале деспотски и тирански, а нивното кралство и немало некаква робовладетелска демократска традиција како некои грчки градови-држави или Рим. На пример, додека слободата на говор била една од основите и на античките демократии, Александар во една прилика со своја рака го убил еден од најблиските пријатели,
Клит, затоа што му пререкол.
 |
Треба да поверуваме дека во античко време луѓето зборувале на денешен македонски јазик само користеле комбинација на писма од тоа време и од иднината? Кирилицате е измислена повеќе од 1000 години подоцна. |
Дополнително нелогичен е и начинот на претставување на „поучниот“ натпис со измешани 3 писма: латиница, кирилица и грчко. На релјефот е прикажано и сонце кое личи на античко македонскиот симбол кој би требало да има 16 краци, но ова има само 8.
 |
Релјефот на предната страна на истото подножје на статуата на лав. |
 |
Релјефот на спротивната страна, свртена кон коловозот на бул. Гоце Делчев. |