Блекаут

11 October 2007

Расчистување со меѓународната уцена со ајварот

Денес купив ајвар од Бонум само заради тоа што го викаат „ајвар“, а не „ајвЕр“ како оние од Випро, кои важат за најквалитетни - наводно попржен бил нивниот ајвар.

Ми падна криво кога на гондолата за ајвари во Веро на прв поглед единствен ајвар, со А, беше некојси странски, а македонските беа со Е. Кога го видов тој од Бонум се израдував.

Со оглед на тоа што сметам дека кој и да го регистрирал зборот „ајвар“ како заштитен знак - немал право, како што никој нема право да регистрира генерички имиња на храни како свои (меѓу кои и зборовите „леб“, „мастика“, „боза“ итн), решив да дадам поддршка на Бонум во спротивставување на главниот тек за мислењето во однос на овој тивок спор околу интелектуалната сопственост.

Сигурен сум дека ако некој ги тужи за користењето на зборот ајвар ќе го изгуби спорот, ако не во Македонија, тогаш на некоја повисока судска инстанца. Но колку што сваќам, голем број македонски производители се плашат воопшто да влезат во судница, па се откажуваат од и го видоизменуваат своето во овој своевиден „спор со името“.

5 comments:

Anonymous said...

Во Струмица ајварот се вика ајвер (акцент на е)... веројатно и на други места.

Дамјан said...

„интелектуална сопственост“??

до кога - до кога?!??

GoodBytes said...

1. Ајвар е генеричко име и навистина нема правен основ за патентот (ако воопшто постои?). Освен тоа, треба да се провери и неговата јурисдикција - јас гласам Врховниот суд за ајвар да биде во Македонија (како вековна престолнина на ајварот) и да е љубоморно пристрасен.

2. Еден мој пријател Индиец тврди дека и во Индија ајварот е национално јадење. Аце да на им го однел таму?

3. Сега сите баби кои читаат блог ќе напаѓаат дека не си домаќин, па сам да си направиш ајвар, наместо да купуваш готов. И уште полошо, ќе направат unsubscribe од твојот feed заради тој food.

Anonymous said...

Вчера во Рамсторе видов Турски ајвАр.

Anonymous said...

abee... kako i da e ... samo da go ima ... jas od vreme na vreme kupuvam ... ama ne mozi da se najdi sekogas ....

dubai ...