Блекаут

16 October 2007

МК-сајтовите за вести на колена поради смртта на Тоше

Слично се случи и дента кога погина претседателот Трајковски - повеќето македонски сајтови за вести не беа достапни, оти изгледа беа преоптеретени со барања за пристап од читатели во врска со погинувањето на Тоше.

A1 пред неколку минути постави обична ХТМЛ страница со веста како насловна, со што штеди локални компјутерски ресурси и проток, а истовремено овозможува на повеќе луѓе да ја прочитаат.

Ова е редок пример на адаптабилна реакција. МИА има тајм-аут (преоптеретеност), а Макфакс е недостапен (моментално им пристапувам од Холандија).

За разлика од самостојните веб-изданија како Он.нет и Иди види, на веб-сајтовите на печатените весници нема ни трага од веста. Ако биде како во претходниот случај, ќе чекаат до утре да ја објават...

Греота. Не сме само луѓето шокирани.

1 comment:

VVA said...

За тоа колку е сложено, скапо и тешко да отидеш до плоштад да сликаш со мобилниот и да пратиш MMS до својата редакција со фото-вест која автоматски ќе се појави на сајтот - не би сакал да коментирам.

Само сакам да искоментирам дека блокирањето на сајтовите при зголемена заинтересираност на публиката може да се разгледа од две (за мене) интересни страни:

1. И покрај вечните жонглирања со цифрите за интернет пенетрација во МК, ваквите блокади се доказ дека бројката на интернет корисници во МК е значителна. Модерен сервер од денешнината би требало без никакви проблеми да издржи неколку илјади истовремени посетители. Ако цело претпладне повеќето од сајтовите не работат тоа е само доказ дека на секој од нив во целиот тој период, во секој момент имало по неколку илјади активни посетители. Тоа е прилично добра бројка за наши услови.

Баш ме интересира дали некои наши интернет изданија ќе излезат во јавност со колку толку официјални бројки за бројот на посетители кои им го срушиле сервисот.

2. Ако весниците не можат да се снајдат со навала на публицитет... зошто служат? Па нели нивно мото би требало да биде придобивање на што повеќе публика. И после извенете што дојдовте но ние сме презафатени за било што да ви кажеме. Одете кај друг весник, пријатно.

Нели во цел свет под итно се печати дополнителен тираж, кога ќе се потроши првиот. Каде се тука нашите интернет весници. Не зборувам само за печатените изданија кои имаат сајт, туку и за порталите. Никаде - ниту имаат вест (обично е препишана), ниту пак имаат капацитет за некој да ја види.

Се испоставува дека сакаш да бидеш интересен и сите да те гледаат, ама гледај да не се случи да станеш стварно интересен бидејќи тогаш никој нема да те гледа. :)

Некои од тие весници се во исто време и сервис провајдери. Па зарем нашиве до толку немаат слободни ресурси, па не можат да посветат по уште еден екстра сервер и преусмерување на сообраќајот. Ако не еден - тогаш 10.

Па зарем тие не се провајдери на такви услуги? Ако не се спремни самите себе да се услужат кога ќе имаат потреба - кого се спремни да услужат?!