Блекаут

16 October 2007

Распродажба на болката?!

Повеќето македонски весници со веб-сајтови ја прекинаа праксата да чекаат до наредниот ден да ги објават вестите од тековниот и на насловната страница попладнево имаа објавено вест за смртта на Тоше Проески.

Крајно време беше да им текне (веројатно можеби виделе еден од друг) дека веб-сајтовите не мора да им служат само како дигитална архива за дел од написите од печатените изданија. Штета што со ваков повод. А Тоше создаде толку поубави прилики, па и многу неодамна, со добротворниот концерт за собирање средства за училиштата.

Дискусијата кај Анти за експлоатацијата на смртта на познати личности (конкретно музичари) е поврзана и со една стара (1978) песна на српски - „Распродаја бола“ (mp3).

No comments: