Блекаут

24 March 2008

„Австријците од ЕВН“

Нели е ксенофобно што некои од македонските медиуми ни ја пукнаа главата со фразата „Австријците од ЕВН“, а ниеден медиум не ја користи „Австријците од ВИП“?

Првата особено се употребува во контекст на непопуларните исклучувања струја поради неплаќање, додека втората не се употребува при информирање за поволности и намалени цени што Австријци ги донеле на пазарот на мобилна телефонија во РМ.

2 comments:

GoodBytes said...

Многу добра поента.

Развигор said...

Дополнително: Дали некој смее да го користи изразот „Грците од ОКТА“?