Гејтс, кој е син на правник и домаќинка од Сиетл, ја основа компанијата „Мајкрософт“ во 1975 година заедно со пријателот од детството Пол Ален.Од секогаш ми било интересно како разни луѓе од незнаење, ама и од други побуди, на Бил Гејтс се обидуваат да му припишат скромно потекло. Веројатно еден од факторите е желбата да се одржува митот за американскиот сон (per aspera ad astra - низ трње до ѕвездите), а можеби се работи и за маркетиншка стратегија која најбогатиот човек на светот има за цел да го претстави како човек од народот.
Неспорно е дека Гејтс е еден од најспособните луѓе на светов, но исто така треба да се знае дека тој е роден во најпривилегираниот слој на американското општество и дека уште од детството, според можностите кои ги имал, бил „предодреден“ за успех.

Како дел од одборот на родители му овозможила на синот да има пристап до компјутери уште во елитното основно училиште кое го посетувал, а се шушка и дека помогнала при основањето на „Мајкрософт“.
Од друга страна, Бил (Вилијам Хенри Гејтс III) е наследник на династија Гејтсови која веќе била дел од богатите слоеви неколку генерации пред него. Според Википедија, бројката „трети“ ја наследил од татко му, кој не ја прифатил во своето име, инаку требало да биде „четврти“.
1 comment:
YES YES Филипчо, да знаеш само на колку пријателски ноќни седенки и пијанки сум спорел на оваа тема за Били д Гејтс.
Си земам за право ова твое поедноставено пишување на тема потеклото на Били да го препратам на моите опоненти, во вид на линк.
Поздрав.
Мечето Ушко.
Post a Comment