...јасно е дека развојот на софистицирани уреди за истражување на другите планети без присуство на луѓе ја организира истата технологија потребна за производство на корисни роботи на Земјата. Возилото без возач кое ќе слета на Марс до раните 1980ти многу веројатно ќе има способност да ја анализира својата околина многу потемелно од човек, да се движи по теренот, да носи претходно програмирани одлуки и одлуки врз основа на новите информации што ќе ги прибира. Првите братучеди на таков робот, кои може да се произведуваат и масовно, би биле многу полезни овде на Земјата. Од една страна мислам на операции во недостапни предели како што се провалиите на дното на океаните, но исто така мислам на индустриски роботи кои би ги ослободиле работниците од повторливи и неинтересни задачи, како и домашни роботи кои би ги ослободиле домаќин(к)ите од доживотното р’мбање.Импликација: луѓето би имале повеќе време за човечки активности, особено креативен труд. Како контраст на ова, ми остана во глава цитатот кој по повод на смртта на првиот премиер на РМ го изнесе уредникот на „Вест“ (19.01.2008), Горан Михајловски:
„Во овие тешки времиња треба да се воздржиме од раскошното однесување со купување фрижидери, перални, гардероби, чевли, телевизори, коли што лежат по улиците недоволно искористени, а некои дури купуваат и перални за садови“, рече тогаш Кљусев.Кљусев докторирал економија во 1960, можеби во некои други времиња и системи, а веројатно идејата зад оваа препорака за применета политика биле: (1) граѓаните да штедат наместо да трошат, ама нивото на продуктивност да се покачи, па истовремено да се создава повеќе вредност од потрошената, (2) граѓаните да имаат со што да си го пополнат времето, особено ако се жртви на масовните отпуштања.
Јас имам среќа што си наоѓам работа, па тие 7-8 саати што на ниво на домаќинство ги заштедуваме неделно со користење на пералната за садови ептен добро ми доаѓаат. Во контекст на основни претпоставки за градење стратегии, ми текна и на изјавата од еден друг премиер, Георгиевски, дадена за „Капитал“ (23.02.2006) од која разбрав дека овој лидер информатичката револуција пред се ја сваќа како производство на компјутери:
Ние 30 милиони евра да имаме плус од она што е во Буџетот на Македонија земјоделието ќе биде препородено, обновено и конкурентно. Ако велиме дека ние тешко можеме да станеме држава која ќе извезува компјутери, тешко да развиваме тешка индустрија во Македонија, остануваат неколку гранки кои треба да бидат основи на кои треба да се потпреме. Тоа се градежништво, текстилна индустрија, земјоделие, и ако успееме сервисните услуги да ги издигнеме на едно повисоко ниво.Кога можам, ги следам тековниве партиски избори во САД. Скоро сите сериозни кандидати за некоја политичка функција, пред да се впуштат во политика, пишуваат книги за нивниот поглед на свет, за нивниот живот и настаните што ги направиле она што се, како и за нивната животна филозофија, од која потекнува нивната лидерска визија. Особено, со тоа на јавен увид ја ставаат својата способност за стратешко анализирање, отвораат дебати, а и докажуваат дека знаат да пишуваат.
Многу е добро да произведуваме компјутери, меѓутоа гледате не доаѓаат тие што произведуваат компјутери кај нас. Кога е веќе така реалноста е тоа. Ако е тоа значи потребни се субвенции во земјоделието.
Без разлика дали се согласувам со идеологијата на даден политичар или друга јавна личност, со оглед на тоа што неговите постапки влијаат на мојот живот, мене како граѓанин би ми било важно го запознам преку негова книга, или друг вид лично писание.
No comments:
Post a Comment