Можеби ќе го наречат Диоген? Повеќе информации кај Умка.(На сликата не е Умка, туку мачето кое бара дом.)
Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.
Можеби ќе го наречат Диоген? Повеќе информации кај Умка.
Во Неделно Време (23.6.2007) е објавено интервјуто кое со Џоичи Ито на официјалната промоција на Криејтив комонс во Македонија го направи Владимир Николовски. Заедно со интервјуто пренесен е и стрипот „Како функционира Криејтив комонс“ од централниот сајт (How it works) кој го адаптираше тимот на Метаморфозис.
Има неколку фундаментални проблеми кои треба да ги надминеме за да го подигнеме нивото на демократија во земјава - нетранспарентно одлучување, договарање на принцип на преговори меѓу главатари (на племиња, кланови, семејства/фамилии) наместо со граѓанско учество, недостаток на јавна расправа за клучни прашања, недостаток на отчетност за тешки гафови (што е со македонскиот државен идентитет во Охрид?), непостоење интерпартиска демократија, независност во носењето одлуки... Оксиморон вели:Инаку, во сите други држави овие прашања се регулираат преку дискусии во парламентите. Таму народните избраници изнесуваат во јавноста аргументи „за“ и „против“ посочените предлози. И именуваат. Во име на оние кои ги избрале и чиј интерес го застапуваат. Но не и кај нас. Кај нас парламентот е само збир на тастери во рацете на лидерите на партиите. Сони Плејстејшн систем.Слично сакаше да каже и Горан Михајловски:
Доцна им е да жалат. Ако во НАТО примаат феудални општества тогаш имаме шанса. Оти партиите личат на феуди. Главен е интересот на феудалецот, а не на државата.И во право е .аНТИ: ваистина сме во војна! :-(
Фондацијата Метаморфозис распишува конкурс за отворено работно место административно-финансиски асистент. Крајниот рок за поднесување на пријавите е 22 јуни 2007 г. во 16:00 часот.
| Мажи 29 април 1933 20 август 1949 11 февруари 1952 18 јануари 1956 5 мај 1956 27 јануари 1965 5 октомври 1968 5 февруари 1969 6 април 1969 1 јануари 1972 2 october 1972 1 јуни 1973 14 февруари 1975 3 мај 1981 | Жени 5 април 1943 2 мај 1950 26 март 1961 20 јули 1963 15 февруари 1968 26 март 1975 4 ноември 1977 27 декември 1979 24 јули 1982 |
На 19 јуни 2007 година во хотелот Холидеј Ин во Скопје ќе се одржи официјалното претставување на македонската верзија на лиценците Криејтив комонс.
Специјален гостин на настанот ќе биде Јоичи Ито, претседавач на управниот одбор на Криејтив комонс и член на управните одбори на ИКАНН, Фондацијата Мозила, Технорати и ајКомонс.Сепак, во законот има недоречености. Ниедна државна институција не може да ве сопре ако „спамирате“ некоја компанија од својот личен имејл. Законот за електронски комуникации и дава надлежности на Агенцијата за електронски комуникации да поведе прекршочна постапка само доколку фирми спамираат физички лица или други компании. Дирекцијата за заштита на личните податоци од друга страна ги заштитува само граѓаните што добиваат спам-пораки. Двете институции не можат да заштитат фирма што добива спам од некој личен имејл.Во написот се има поткраднато и една грешка. Сумите за казните се во денари, а треба да се во евра.
Драган нема сајт, па направив една снимка од него пред инсталацијата „Без наслов (61,5 x 1,61,5 x 2...)“ посветена на „математичката операција, наметната во нашето секојдневие да пресметуваме во евра, вообичаено нешто кога патуваме во странство, наместо во денари, зборува за тоа дека ние, Македонците, немаме монетарен идентитет...“ и едно видео од инсталацијата со „балончињата од сапуница, што само што не излегле од прозорецот. Балончињата како метафора на желбата и сонот...“.

Согласно Законот за заштита на интелектуалната сопственост, вчера во центарот на Скопје било затворено и едно Интернет кафуле каде што инспекторите од Управата за јавни приходи откриле нелиценцирани софтвер на "Мајкрософт".Ова е дополнителен стимул за оние кои се на пиратски, да се легализираат - ако сакаат бесплатно, со користење слободен софтвер.
Акцијата на инспекторите била засилена со полициско обезбедување. Интернет кафето, на чии компјутери бил инсталиран нелиценцираниот софтвер, е затворено на 30 дена. На сопственикот ќе му биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
За половиот напад вчера слушна и министерот за труд и социјална политика Љупчо Мешков. Тој преку Центарот за социјални работи вети помош за девојчето доколку има потреба од психолози и педагози.Реакцијава е катастрофа. Дете што поминало низ такво искуство секако дека има потреба од стручна помош - по службена должност.
Во последно време се почести се случаите на сексуално насилство врз деца. Според експертите траумите од ваквите изживувања трајни и неизбришливи - оставаат трага и жртвите ги следат цел живот.Дополнително, наспроти предрасудите: Колкав дел од напливот на реални случаи на педофилија и силувања во Македонија за кои во последно време дознаваме од медиумите имаат врска со интернет?