Блекаут

03 June 2007

Сад му је матер за слободен софтвер

Државата ја отворила сезоната на лов на корисници на нелиценциран софтвер:
Согласно Законот за заштита на интелектуалната сопственост, вчера во центарот на Скопје било затворено и едно Интернет кафуле каде што инспекторите од Управата за јавни приходи откриле нелиценцирани софтвер на "Мајкрософт".

Акцијата на инспекторите била засилена со полициско обезбедување. Интернет кафето, на чии компјутери бил инсталиран нелиценцираниот софтвер, е затворено на 30 дена. На сопственикот ќе му биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Ова е дополнителен стимул за оние кои се на пиратски, да се легализираат - ако сакаат бесплатно, со користење слободен софтвер.

3 comments:

дамјан said...

"Законот за заштита на интелектуалната сопственост"?!?

Кој ли е тој закон?? Јас колку што знам не постои таков закон во македонскиот правен систем.

Anonymous said...

А јас колку што знам тоа треба да се спроведе секаде у Штип пр. нема нет кафе каде има лиценциран Windows и непречено работат така да .... ништо од ова собрале 20 цд завршена работа ... треба од корен да се иде

Razvigor said...

Дамјан, исто така, не знаев дека од УЈП се надлежни за пиратерија. Ако нешто не е сменето во законската рамка, инспекторите би требало да бидат од Министерство за култура.