Го препорачувам постот од Зомбификација во кој се покренува прашањето за повеќеслојноста и плуралноста на етничките идентитети:
Нели е малку апсурдно да се признава правото на двојно државјанство, а да не се признава правото на двоен или троен етнички идентитет?Понекогаш се прашувам колку некои работи кои ги земаме здраво за готово всушност имаат основа во некои бирократски одлуки донесени некогаш одамна, од типот формулари со само еден избор, или бази во кои „не може“ да се додаде поле. Тесно поврзани со ова се и за фашизоидите тенденции, за кои имавме свеж пример пред некој месец, кога наш висок политичар изјави дека личност со „нечисто“ потекло нема право да говори за дадена етничка група, во која припаѓа „парцијално“.
Зошто да не можам во исто време да се чувствувам, на пример, како етнички Албанец и како етнички Македонец, ако татко ми е Албанец а мајка ми Македонка? Со какво право ме перципираат како „пола Албанец“ и „пола Македонец“, а не како цел Албанец и цел Македонец - кога ги зборувам и двата јазика и подеднакво ми се блиски и двете култури?
Знам за луѓе што биле и металци и турбофолкери. Или технаџии и рокери. Истовремено.
No comments:
Post a Comment