Благодарност до Горан Андреев за линкот до постот за копањето фосилчиња.
Ми се чини дека добрата пракса на меѓусебно линкување преку постови сеуште не е присутна кај повеќето македонски блогови, иако оние водечките ја имаат надминато фазата на форумизација, за која пишував пред повеќе од година и пол.
Активното линкување е потребно и за да се премости јазот меѓу разните македонски блог-платформи, кои се организирани и како агрегатори, ама само на блоговите кои се хостирани кај нив.
Колку што можам да видам од разни сајт-митери, користењето на независните агрегатори (Маседониа срч, Најди! и Дигимак) не е на некое високо ниво и има многу блогери и „обични“ сурфери кои не се свесни за нив и предностите кои им ги нудат и како издавачи и како читатели.
No comments:
Post a Comment