Блекаут

22 January 2008

Урнек за писмо - одговор на спам (antispam template)

Следниот текст може да ви послужи како основа за ваши писма со кои им одговарате на спамери кои ви рекламираат производи и услуги кои не сте ги побарале. Со објавувањето го ставам на располагање на јавноста (public domain), не мора да се споменува дека јас сум авторот при негово користење. Ваквите пораки е добро да одат и со CC до info@dzlp.gov.mk, што е наведено во текстот.

Почитувани претставници на ___ (фирмата што спамира),

Во име на ___ (вашата фирма), би сакал да Ве замолам да ги избришете сите адреси поврзани со неа од Вашата евиденција, со цел престанување на добивање рекламни пораки во Ваше име и име на ваши коминтенти.

Морам да нагласам дека ние немаме побарано да добиваме вакви пораки и тие се непожелни, оти ни предизвикуваат дополнителен трошок на време и пари, како и непотребно трошење на квотата за проток на податоци.

Тука пред с’е спаѓаат сите адреси од доменот ___ (вашиот домен), како и било кој друг домен кој е во сопственост или под раководство на ___ (вашата фирма).

При тоа, би сакал да ви напоменам дека во согласност со важечките законски прописи, рекламни пораки може да ни праќате само врз основа на експлицитно барање од наша страна. Тоа што нашите адреси се достапни јавно на веб не значи автоматска согласност за добивање непобарани рекламни пораки. Исто така, немате право нашите адреси за е-пошта да ги пренесете или продавате на други ентитети и лица кои би ги користеле за спамирање или било која слична намена.

Вклучувањето на наши адреси во Ваши бази без претходна дозвола е спротивно на Законот за електронски комуникации, а неисполнувањето на барањето да бидеме изземени од вашите мејлинг-листи се коси и со тој закон и со Законот за заштита на личните податоци, кој стапи на сила на во декември 2007. Обата ја покриваат и областа на комуницирање преку интернет и употребата на адреси за е-пошта како личен податок, при што предвидуваат ригорозни санкции кон прекршителите, па би сакал да Ве замолам за експедитивност при обработката на нашево барање.

На пример, според член 117 и 139 на Законот за електронски комуникации, предвидените казни за ваков престап се 4 до 7% од вкупниот годишен приход за правни лица, плус глоба во износ од 1500 до 8000 евра за одговорното физичко лице. Законот е достапен на веб-сајтот на Министерството за транспорт и врски (www.mtc.gov.mk) и Агенцијата за електронски комуникации (www.aek.mk).

Поракава е препратена и до Дирекцијата за заштита на личните податоци (www.dzlp.gov.mk) за нивна евиденција и понатамошна обработка.

Со почит,

(име, презиме,
функција, фирма)

10 comments:

Anonymous said...

Абе машко,во кој македонски речник го најде зборот "Обата"?Ова некоја нова мода,а?

GoodBytes said...

Навистина корисно. Фала.

Bi said...

супер!

Anonymous said...

Јади бре гомна ебати затутаниот ти бре ако не е ова интернетот само гомна ќе можеше да чистиш во ВЦ. А уште и слика си ставил, а цвикери модерни носиш ебате у искомплексираниот мислиш нешто можиш да прекриеш.

Anonymous said...

Браво за постов. Инаку овој пос ти е на место бидејки и јас ги мразам оние кои ми пуштаат спамови на мојата електронска поштенска адреса, при што губам драгоцено време за нивното бришење. Од сега па натаму ке можам автоматски да им пратам одговор на овие провокативни материјали и пренатрупување на поштата со глупости.
Имам една препорака до тебе да не ги читаш овие глупави коментари од луге кои воопшто немаат јајца да си го кажат и сопственото име, а камо ли пак да оставаат коментари.
Мислам дека мојов коментар е многу долг, но ме изнервираа два коментари кои треба да ги пратат до установа како бардовци како CV за да можат да ги примаат и таму, бидејки и таму нема да ги примат веке со такво однесување, бидејки и таму се поцивилизирани и пообразовани од двајцава сто дале глупи коментари.

Инаку едниот треба да го уцат на добро и цивилизирано однесување, а другиот на литература, дијалекти и македонски јазик воопшто.

П.С. Поздрав и само напред.

Виктор said...

"А уште и слика си ставил, а цвикери модерни носиш...мислиш нешто можиш да прекриеш."

Најретардиран коментар ever!!! хахахахахаха

Горјан said...

@Филип
Секоја чест за ова, доста корисен template ќе дојде :)

@Anonymous
Fail.

Dragan said...

Браво за големиот чекор напред преку изработка на темплејтот. Едноставно да не се мисли при составување.
Потребна е поголема едукација на испраќачите и на примачите за да знаат што всушност претставува spam а што не претставува. Голем дел од испраќачите не се ни свесни дека кршат закон со праќање на меилови кои примачот не побарал да ги прима. А голем дел на примачи мислат дека е spam и она што побарале да го примат.

Anonymous said...

Failed to deliver to 'info@dzlp.gov.mk'
SMTP module(domain @217.x.x.x|dzlp.gov.mk) reports:
host name is unknown

ne postoi info@dzlp.gov.mk

Anonymous said...

contact@dzlp.mk и nadzor@dzlp.mk се адресите.