Како што веќе пишав на насловна (во својство на уредник на Блогерај за април), пред некој ден беше објавен првиот напис од Македонија на порталот Глобал војсис онлајн, во моментов достапен на англиски, македонски и албански.
- Macedonia: Bloggers Discuss NATO Summit and Greece
- Македонија: Блогерите дискутираат за Самитот на НАТО и Грција
- Maqedonia: Blogerët diskutojnë samitin e NATOs dhe Greqinë
Излегувањето на написов ми е многу важно оти овоможува ширење на изворни информации од нашата земја во светот преку медиум кој е влијателен во круговите за човекови права. Ако се согласувате, стамблирајте го, или поддржете го преку Диг или Кајмак.от.
Дополнително, мене лично ми беше важно за да го исполнам ветувањето. Инаку, наидов на потешкотии оти сакав да го украсам текстот со пригодна илустрација, затоа што повеќето од блоговите кои ги цитирав не користат Криејтив комонс со што се отежнува ширењето на такви содржини:
- За да преземам фотка треба да трошам и свое и време на авторот за добивање дозвола.
- Содржините на Глобал војсис се објавени под лиценцата на Криејтив комонс наведи извор, за да може да ги преземаат и други медиуми. Ако фотката e со целосен копирајт, другите медиуми веројатно нема да ја преземат оти е преголема гњаважа да чекаат на одобрение од оригиналниот автор...
Затоа во идните вакви написи пред сè ќе ги имам предвид блоговите кои користат Криејтив комонс (може и сами да додадете линк во базата).
Повеќето наши автори пишуваат на мајчиниот јазик и за локалната публика, па допирот во странство им е максимално ограничен на дел од дијаспората. Бројот на повеќејазични сајтови од Македонија е сеуште многу мал, особено на оние кои имаат јасен фокус за пренос на вести и тоа го прават редовно, како на пример Метаморфозис на тема информатичко општество. Затоа е важно да објавуваме на што повеќе јазици, и светски и регионални.
No comments:
Post a Comment