Блекаут

25 July 2008

Македонија и Србија - браќа по прислушкување

Волан веќе пиша за неодамнешното легализирање на државното прислушкување без можности за контрола во Македонија „и тогаш кога не можат да се обезбедат докази кои се неопходни за успешно водење на кривичната постапка или, пак, постојат тешкотии во нивното обезбедување.“

Само што добив информација дека слична појава има и во Србија. Тамошната Републичка агенција за телекомуникации (пандан на нашиот АЕК) вчера објавила нови прописи со кои се бара од интернет-провајдерите да обезбедат инфраструктура за прислушкување. Активистот за човекови права на интернет Слободан Марковиќ пишува:

Под маската на наводни „технички услови за мрежата Интернет“ во Србија се воведува досега невиден масовен и неограничен надзор и архивирање на сите видови електронски комуникации за потребите на безбедносните служби. Дури ни во најлошите времиња на терор на режимот на Милошевиќ не се правеше ваква регулатива.

No comments: