Блекаут

03 October 2008

Солидарност со Битола за фестивалот „Браќа Манаки“

Милтон МанакиСе согласувам со Молика и Букарски дека Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ не треба да се сели од Битола. Во знак на солидарност ги бојкотирам сите проекции во Скопје оваа година.

Мислам дека сите фестивалски настани сосе премиери треба да си се одвиваат во Битола, а во други градови (меѓу кои и Скопје) може после да оди ревија со некои или сите филмови, како деновиве пред години.

Исто така, на официјалниот веб-сајт на фестивалот покрај описите на филмовите (на кои им треба лектура, како побогу можеа да го преведат „Другата сестра Болејн“ со користење на типично англиската конструкција „Другата Болин сестра“) да има и време и место каде ќе се прикажуваат.

Свесен сум дека работите не се црно-бели, како што укажаа Елена, Гемиџи и Јанко, но ако Битола не го сака фестивалот како дел од својата традиција, подобро е тој да умре отколку да се зомбифицира по Скопје. Ако на Скопје му треба уште еден филмски фестивал, нека си почне нов и нека го крсти според првиот скопјанец кој користел филмска камера.

1 comment:

Ania said...

а не можеше едноставно да биде Другата Болејн?
...или пак, земајќи во предвид дека македонците слабо знаат за Ен Болејн (не знаев и јас дури не почнав да студирам) можеше да се измисли и оргинален друг наслов.