Блекаут

30 October 2008

Како нè признава Кенија?

Во сите муабети во врска со американските претседателски избори и судбината на Македонија по нив, еден податок ми недостасува:

  • Под кое име нè  има признаено Кенија?

Нели Барак Обама е по потекло од таа земја, во која живее и баба му по татко, кој е починат.

Дали ставот на (како што велат во дијаспората) „стари крај“ ќе влијае на неговата надворешна политика не знам, но навистина е штета што списокот на земји што ја признале Македонија под уставно име Министерството за надворешни работи го има прогласено за класифицирана информација, па не е достапен за јавноста ниту со примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Таквата долгогодишна пракса на нетранспарентност оневозможува и да им заблагодариме на пријателите, ама можеби причината за тоа е да им се отежни работата на грчките дипломати кои одат по светот директно да ги промовираат своите интереси при букирањето летови.

3 comments:

glisha said...

Можда нема сајт еве барем мапа.

http://commons.wikimedia.org/wiki/Image:MacedoniaNameDisputeMap.png

http://en.wikipedia.org/wiki/Macedonia_naming_dispute#Color-coded_world_map

Спаркле said...

Според мапата на линкот, Кенија уште нема став...

Развигор said...

Поточно, нема информација за тоа... сите земји со кои имаме воспоставено дипломатски односи не се претставени на мапата.