Блекаут

13 June 2006

Александар Македонски во Алан Форд

Најновиот број на Алан Форд („Tobija beži“, април 2006 г. Суперстрип бр. 35, 30 денари по македонските трафики, наслов на оригиналот „Tobia non ci sta“, епизода бр. 284, оригинално објавена во февруари 1993.) содржи и приказна на Број 1 за Александар Македонски.

Се работи за уште една голема победа во промоцијата на Македонија - барем во српскиот превод, Александар („taj nesposobnjaković koji je više voleo vino od žena“) не е наведен како Грк. ;-)
Стрипот добро го погодува и духот на Македонците: во приказната за скоро секоја активност, од избор на цели за напаѓање, преку опремување на војската, до изградбата на Александрија, е поврзана со земање мито и провизија.

Тема: историја.

4 comments:

Anonymous said...

Александар Македонски хeхeх навистина смешно. Цел свет се смее, продолжете така. Духот македонски живее.

Anonymous said...

Kakov vi etoj Aleksandar Makedonski taka samo go narekuvaat slavjanite,negovoto pravo ime e Megas Alexandros vie nemate nikakva vrska so nego zatoa sto toj e bil Hellen a vie ste slavjani

Развигор said...

Димковски, па и ти немаш врска со животот, а сепак дишиш.

Anonymous said...

Aleksandar e Makedonec zemi procitaj malku istorija.Sto nepismen narod ima kakvi glupi luge drzi ovaa zemja makedonska.