Блекаут

24 June 2006

Посетители наспроти читатели

Благодарност до Моби што ми укажа на застарениот линк во неговиот коментар на постот „Искористување глад за порно за зголемување посетеност“. Уште една потврда на правилото на Јакоб Нилсен за потреба од воставување стабилен идентитет на веб преку сопствен домен.

Поентата на постот е да укаже на несаканите последици од примена на контроверзна техника за привлекување посетители, а имплицитно и на тоа дека кога-тогаш сè што се објавува на веб е подложно на разгледување и анализа. Јавното објавување значи дека а наменет е за сите читатели.

Добронамерноста е очигледна, особено од употреба на благ, ведар тон и еуфемизми при известувањето за експериментите опишани во постот, наместо нивно карактеризирање како неетички обид за паразитизам преку спамдексинг (spamdexing), односно киворд стафинг (keyword stuffing).

Дали сум јас цвеќе за мирисање? Со тоа што пишувајќи на темата ги вметнувам клучните зборови кои се докажале како мамки во мојот пост, создавам можност преку Гугл да дојде и некој посетител што не сака да ми го чита блогот, туку упорно бара видео-клипови со фиљан познатите личности! Иако шансите за тоа би ми биле далеку поголеми доколку ги ставам термините во наслов и на латиница за да влезат и во пермалинкот... буахааха :-]

Но, ова што го пишувам е без никаква намера да залажам било кого. Сепак мислам дека во однос на темава на блогов немам потреба од деодорант, за разлика од запотеното секојдневие. “:-)

1 comment:

GoodBytes said...

Ако баш се концентрираме на читателите, оние редовните, тогаш еден од најрелевантните параметри е статистиката на читатели преку RSS фидот. FeedBurner е сервис кој дава ваква статистика.