Блекаут

05 December 2006

Копачи - силно светнал ден за промоција на МК сајтови во светот

Наглото накачување на посетеноста (и читаноста) на целокупната македонска блогосфера на 4.12.2006 е последица токму на успешна промоција преку Диг.




Извор: Дигимак блог. Она црвеното се однесува на дигуван напис од SF Observer.

По успешниот експеримент, а како дел од подготвителните активности за основање на македонското лоби за социјално вмрежување, ја зголемив својата активност на Диг, заедно со уште неколку пријатели.

Ви препорачувам да се пријавите на сервисот и да ми се јавите преку него, за да може да ве додадам во листата за координирано настапување. Името на овој сервис кој работи на „откопување“ на линкови и нивно вадење на површина може да доведе и до основање на Внатрешна македонска копачка организација, чии членови, надоврзувајќи се на лозарите од 1892 г., би се нарекле копачи. (Ова решение за името произлезе во инспиративен муабет со Дарко Булдиоски од Комуникации.)

Предлог за пригодна химна на организацијата е песната „Копачите“ од Кочо Рацин:

Се к'ти ноќта црна!
Се рути карпа - мрак!
И петли в село пеат
и зората се зори –
над карпа в крв се пие
и темнината пие
силносветналден!
Пробудете се морни
копачки и копачи –
на трудот црн народ!
Со мотика на рамо
за корка сува леб,
по патиштата стрмни,
по полињата paмни,
у вивналиов ден
да тprнeмe и ние
страдалници од век!
На деда Богoмил
земjата poвка, мека,
наба6рена за poд,
со страдна душа чека
ударите ни jаки
со мотиките остри
по троскот пелин трат!
На работа!
На труд!
Да прокопаме меко
полињата родни
афион, тутун, житце
да родат благородни.
И по кривите вади
да пропуштиме води
за оризите млади
и зелени лободи.
На работа!
На труд!
Да роди род богат!
Да бликне живот млад!
На пепел троскот, пелин
во огин пламен jад!
Жилите да пуштат
корења длабоко
плодови да бликнат
високо, високо
слободно на воздух!
Ораме со рало
но земjата ни златна
колку е богата!
На пепел троскот, пелин!
Во огин пламен јaд!
Да престане, да снема
тагата голема
за голиот живот
на човек станал – скот.
И в тaјa мугра пресна
да екне дружна песна
на дружните удари –
та биjат срца млади
и растат силно гради
пребликнати со јaд!
Од сички маки тешки
не видовме бел ден,
а од солзи жешки
не стануе меден
нашиот живот!
На работа!
На труд!
Та не сме саде ние
та не сме саде тука –
ние сме по цел свет
безброjни милиони
на трудот црн – народ!
Да биде честит денот
и првата ни стапка
у првиот ни век!
Ќе мине силен ек
ќе б'сне сонце златно –
по секаде на светот
ќе згине срамно гнетот -
ке л'сне живот нов!
И реки ќе потечат,
и бреме ќе одвлечат
на вековита смрт!
Реките од живи
и пробудени сили
на копачи и копачки
страдни голи гладни
по целата земjа!
Се к'ти ноќта црна!
Се рути карпа - мрак!
И петли в село пеат
и зората се зори –
над карпа в крв се мие
и темнината пие
силно светнал ден!

2 comments:

Anonymous said...

За копачите барам да бидам спомнат со едно кратко фала :)))

Моја подршка имаш, т.е. не ти, туку МК има подршка од мене :)

Anonymous said...

Zdravo Filip,

Sekogas koga ce treba da se aktiviraat kopachite - pobaraj i moja poddrska na Digg.
Mozes da me najdes kako - DeeJayZone.

Pozdrav!