Блекаут

10 June 2007

Ангажирана уметност на тема: визно гето

Дали уметноста има смисла ако не е ангажирана? Ако уметноста е израз на човековите внатрешни чувства,* тогаш би било логично тие чувства да се одраз на реални состојби. Еве два свежи примери преку кои млади, современи македонски уметници се осврнуваат на прашање кое ги мачи и поголемиот дел од нивните сограѓани - визното гето.

1. Зоран Попоски - Граница (30.05.2007, КЦ Точка)

Зоран имаше перформанс со приказ на видео-арт и создавање уметнички дела--визи--за посетителите на лице место.



2. Драган Христов - Anywhere but here (2-9.06.2007, КЦ ЦК**)

Драган нема сајт, па направив една снимка од него пред инсталацијата „Без наслов (61,5 x 1,61,5 x 2...)“ посветена на „математичката операција, наметната во нашето секојдневие да пресметуваме во евра, вообичаено нешто кога патуваме во странство, наместо во денари, зборува за тоа дека ние, Македонците, немаме монетарен идентитет...“ и едно видео од инсталацијата со „балончињата од сапуница, што само што не излегле од прозорецот. Балончињата како метафора на желбата и сонот...“.



Тој имаше и една инсталација од пасоши поставени како домино, но за кои се знае дека нема да паднат, оти се прицврстени за подот. А тоа знаење е дел од поставката.

* Дефиниција што ја имам чуено на час по музичко во петто одделение од наставникот Киро.
** Kај што беше Точка.

1 comment:

Zoran Poposki said...

вистинската уметност во основа е не само копнеж за подобар свет, туку и негово создавање. велам вистинската, затоа што постојат и лажни. поздрав, зоран попоски