Има неколку фундаментални проблеми кои треба да ги надминеме за да го подигнеме нивото на демократија во земјава - нетранспарентно одлучување, договарање на принцип на преговори меѓу главатари (на племиња, кланови, семејства/фамилии) наместо со граѓанско учество, недостаток на јавна расправа за клучни прашања, недостаток на отчетност за тешки гафови (што е со
македонскиот државен идентитет во Охрид?), непостоење интерпартиска демократија, независност во носењето одлуки...
Оксиморон вели:
Инаку, во сите други држави овие прашања се регулираат преку дискусии во парламентите. Таму народните избраници изнесуваат во јавноста аргументи „за“ и „против“ посочените предлози. И именуваат. Во име на оние кои ги избрале и чиј интерес го застапуваат. Но не и кај нас. Кај нас парламентот е само збир на тастери во рацете на лидерите на партиите. Сони Плејстејшн систем.
Слично
сакаше да каже и Горан Михајловски:
Доцна им е да жалат. Ако во НАТО примаат феудални општества тогаш имаме шанса. Оти партиите личат на феуди. Главен е интересот на феудалецот, а не на државата.
И во право е .аНТИ:
ваистина сме во војна! :-(
1 comment:
Бикот кој седи одлучи да го испуши лулето на мирот со Сивиот Сокол од врвот на планината. Пред тотемот на ЕУ (големиот Маниту) се договорија да ловат заедно , оти инаку племињата ќе заминат во Вечните ловишта. :)
Post a Comment