Блекаут

16 July 2008

Дигиталниот архив на македонскиот јазик со Криејтив комонс

Ептен ми се направи кеиф што од денес Дигиталниот архив на македонскиот јазик користи лиценца од Криејтив комонс со цел да ја подигне достапноста на книгите што ги преобјавува. Целта е на посетителите да им се укаже дека делата се достапни за користење, споделување, ширење.

Меѓу нив се наоѓаат книги од слависти и други јазичари на разни јазици објавени во XIX и правата половина на XX век кои содржат непроценливи научни податоци. Досега голем дел од тие книги беа недостапни и за истражувачите од таа област, а интересни се и за лаици заинтересирани за историја, но и за оние кои се интересираат за приказната за македонскиот идентитет.

Еден цитат од Речник на три јазици (1875 г.) на Ѓорѓи Пулевски:
Сите људи, и ако имајед разум, но сите, не се токмо разумни, едни се научиље и знајед се штоје, које, бидувад во веков, тије умејад да читајед и да рисувајед, и можад да правад секакви рабоќе и да пронаидад нешто ново, такви људи се вељад просвештени, и изобразени, а пак други људи, који, неумејад ништо друго, но само гљедад кољку за да се ранад, да уловад нешто и да отнад од другога, такви људи, се вељад, диви и самоједи.

1 comment:

Дамјан said...

хмм ... чекај чекај... делата од XIX и правата половина на XX век некој ги лиценцирал под Криејтив комонс ???

како е можно тоа? по секое правило овие дела мора да бидат public domain.