Како еден од консултираните, се придружувам на оценките на Јован и Букаро дека се работи за одлично дело. Тоа не само што нуди вовед во концептите на слобода на говор на интернет и загрозување на приватноста со користење на разновидни извори, туку тоа го прави на пристапен начин и со нагласок на човечката димензија.
Се надевам дека ќе има продолженија, оти скоро во секој параграф се отвора материјал за дополнително истражување и разјаснување. На пример:
Лила М. Стојановска вели дека не заборавила на лошото искуство со веб-форумите. "И ден-денес ме интересира кој го сторил тоа. Она што прво ми падна на памет е да ги нападнам администраторите. Не знам дали тие беа виновни, но не испаднаа џентлмени кога се обидував да откријам кој го направил тоа", тврди таа. Вели дека за себе читала секакви работи и дека ги прифаќа како дел од нејзината работа.Како жртвата на злоупотреба да дознае кој ја напаѓа, а при тоа да не се направи ново загрозување на приватноста? Ако технократите одбиваат одговорност, која започнува со дефинирање на обврските и правата – нивни и на корисниците на веб-сервисите, дали треба да се вмешаат и други чинители?
Правила и стандарди или се носат интерно, како код на однесување во рамки на еснафот, или се наметнуваат однадвор, на пример од страна на државата со носење закони, често со дополнителни мотиви и несакани последици по слободата.
Можеби демагозите кои негуваат култура на авторитарност по македонските форуми, потсвесно токму тоа и го посакуваат. Авторитарниот тип на личност се карактеризира со суровост кон послабите и понизност кон посилните... и често има потреба од таква „татковска фигура“.
No comments:
Post a Comment