Ова што горат се весници неизвадени од печатарска преса:

Дали може да се споредат неодамнешните упади на
македонската и на кенијската полиција во редакциите на медиуми? Боинг боинг (
Media shutdown in Kenya -- TV station, newspaper torched) пренесува дека:
Маскирани неуниформирани полицајци, вооружени со автоматски пушки, извршија полноќен упад во просториите на најстариот весник во земјата и неговата сестринска ТВ-станица во ноќта меѓу средата и четвртокот, палејќи десетици илјади весници во најдраматичниот напад во историјата на печатот на Кенија.
Две коинциденции: поклопувањето на тајмингот со тоа што баш пред некој ден читав
извештаи за „мека цензура“ низ светот („А и во Бугарија, ЕУ-кандидат, познато е дека весниците кои разоткриваат финансиски злоупотреби добиваат селективни и внимателно темпирани посети од даночни инспектори“ -
The growing threat of soft censorship, pdf, 174K) и тоа што
последниот пост од фељтонот „имало бетер и од нас“ на Ивица Боцевски е токму за Кенија, па нуди одредена позадина за настанот.
No comments:
Post a Comment