Како што веќе реков, оние кои кон блоговите приоѓаат користејќи претходно искуство, на пример учество во форуми, брзо се разочаруваат оти наместо со еден, се соочуваат со многу различни администратори/отварачи на теми/бришачи на коментари/потенцијални цензори кои во рамките на својот свет/веб-сајт имаат контрола врз содржините која по некои туѓи критериуми може да е оправдана или не. Арно ама:
- Никој не може да ти избрише коментар, ако го поставиш на твојот блог како пост.
- Секој што знае да напише коментар во туѓ блог, може да си отвори свој.
- Ако поставиш линк во коментарот на твојот блог, особено кон друг блог, тоа нема да остане незабележано. Другите лесно ќе најдат дека си коментирал - било преку Сајтмитерот, било преку линковите до тој пост што ги евидентира Блогер, било преку Технорати или Најди!.
Единствен начин да се победат забраните, притисоците и цензурата – а цензурата ја има секаде каде што има институционализирана моќ – е да се отфрлат. Не да ѝ одговарате во стил „ако се обидете да ме замолчите, ќе ве замолчам и јас вас“, туку да ги отфрлите и нејзиното значење и нејзините цели. Целосно да поминете покрај неа.Лепењето коментари на туѓ напис не е блогирање. Тоа го имавме и пред блоговите, нели?
3 comments:
Грешиш
Толку имам да кажам
Малку е.
Expand or die.
(Ferengi Rules of Acquisition, #45)
PS
Малку грубо звучи, умирачката се однесува на аргументот, само на аргументот и на никој друг освен аргументот. :-)
Post a Comment