Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.
Блекаут
26 June 2008
Французи се заинтересирани за Букарски
На неговиот блог тој ги документира многубројните и разновидни медиумски настапи и коментари таму: од интервјуа во респектабилни весници до учество во ТВ-емисии за млади (nota bene: во кои кога тој зборува на македонски оди превод на бугарски со титл).
Македонските традиционални медиуми пак „каскаат“ - досега не се заинтересираа да ја покријат оваа неофицијална и несаемска, но de facto огромна промоција на Македонија, која директно ги руши закоравените романтичарски деветнаесеттовековни предрасуди кај луѓето преку источната граница. За разлика од домашниве, дури и француски медиуми се интересираат за Букарски - Куриер интернасионал има објавено дури два написи, пренесеното интервју од Дневник и уште еден.
21 June 2008
Блогерска солидарност - дали вие реално би помогнале?
Гледам кај ВББ се развила дискусија во врска со хипотетична тужба за нарушување на авторски права - објавување фотографии од филм без експлицитна дозвола. Наводно казната во случај таквото обвинение да доведе до пресуда може да изнесува и до 2000 евра.
- Дали во случај на такво судење би биле спремни да помогнете на колега-блогер преку доброволен прилог за покривање на казната, и со колкав износ?
Првобитно ова прашање го поставив на верзијата на блогов на Блогерај, каде што се разви разоткривачка дискусија. Дискусија на истата тема има потенцијал да се развие и на Кајмак.от.
12 June 2008
Канада: Аферата со Законот за авторски права преку стрип

Странски корпорации преку непотврдени обвиненија за пиратство и лобирање на домашни политичари, наспроти мислењето на домашните засегнати страни, се обидуваат да го сменат законот за авторски права како што ним им одговара. Со тоа попатно се влошуваат условите за зачувување на културното наследство и работа на локалните автори, кои се бунат.
Добар начин да дознаете за прашањето набрзинка е преку стрипот „51 држава“ (пдф).
09 June 2008
Веб-сајтот на Македонска радио телевизија повторно работи
Веб-сајтот на Македонската радио и телевизија повторно работи. Ова ме израдува оти тоа е еден од ретките сајтови што објавува информации на сите балкански јазици, особено на нашиве, локални.
За жал, не најдов објаснение зошто беше прекинато ажурирањето и затворен пристапот до старите содржини од овој јавен сервис пред некој месец. Барем имаме одговор на прашањето на Рибаро, кој на 20 април праша „до кога?“.05 June 2008
Контрадикција: кампања против пушење + субвенции за тутунот
- Ако пушењето е штетно, тогаш зошто со државни пари да се стимулира производството на тутунот?
Еден од факторите кои ја создаваат тековната светска криза со храната (светска глад, луѓе!) се високите цени на храната до кои е дојдено поради тоа што се произведува помалку храна. Ако има поголема понуда, ќе се задоволи растечката побарувачка по пониски цени.
А помалку храна се произведува затоа што обработливото земјиште се користи за производство на индустриски култури, чија основна намена е профит, а не прехранување. Тутунот е очигледен пример за таква пракса во Македонија. Дали знаевте дека и маслото за јадење што се произведува кај нас не се прави со домашни, туку со увозни суровини?
Секако, основното прашање е како ќе се позиционира Македонија во однос на глобалните прашања, особено на кризите кои допрва ќе се манифестираат (клима, глад, вода, енергија). Како дел од решенијата или како дел од проблемите и тоа во најдобар случај, како и досега, со нивно целосно игнорирање?
03 June 2008
Блог за поезијата на Јован Котески
...Материјалите од блогот се слободни за користење во лични, образовни и научни цели. Забранета е нивна употреба за комерцијални цели и без наведување на изворот и авторот.
Помогнете во промоцијата и преку Кајмак.от. |
02 June 2008
Амазон: блогери и индијанци
Арно ама, традиционалните медиуми низ целиот свет, како тешки плагијатори, не го навеле вистинскиот извор. Без заслуга, маркетиншка корист имала и организацијата Сурвајвал интернешнал. Мистер Но на сите би им удрил бокс и во тепачката би скршиле пола мебел во кафеаната. |
01 June 2008
Мистер Но - во живо
Пред некој ден го споменав Мистер Но, а многу брзо потоа чув за вест што како да излегла од романче за него:
Од македонските медиуми информацијата најквалитетно ја имаше пренесено „Вест“, оти во написот ја споменуваат НВО „Сурвајвал интернешенал“ (Меѓународен опстанок?) на чив сајт може да се најдат фотографиите. За жал, самиот сајт не беше наведен во веста, но лесно се наоѓа преку Гугл - ако се знае англиски.
Отфрлениот непалски крал консултира астролози
Откако на Баба ми Трајанка прочитав дека македонските медиуми ја изигнорирале веста за укинувањето на монархијата во Непал, прочепкав и видов дека сепак споменале. Ама, иако повремено следев ТВ-вести деновиве, морам да признаам дека не ја чув веста преку тој медиум.
Мојот став дека монархијата (наследната диктатура) е застарен политички систем веќе го имам искажано и го поддржувам неговото укинување врз основа на идеалите од 1776, односно 1789 година. Обете се резултат на просветителството, кое е збир на рационализмот, потребата за образование и научен развој и реакција на суеверието и апсолутизмот. На Балканот во XIX век комбинацијата на дел од идеите на просветителството и национализмот кој тогаш бил во зародиш се нарекува преродба (или препород - скоро секој балкански народ има своја верзија - mk, hr, sr, si, бг).