
А логично е: обете територии имаат одлична храна, гостопримливи луѓе, етничка разновидност. Башка, по каубојство не се знае која е пофраерска! Еве и Шинаја Твејн да ти била Канаѓанка. Јаки спотови прави и таа.
Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.
I'm broke but I'm happyОпеан од канадската егзистенцијалистичка интелектуалка и спортистка Аланис Морисет, светската (!) поетеса на пост-тинејџерската анксиозност, во песната „Hand in my pocket“ како дел од одличниот албум „Мала незнамкаква пилула“ (Jagged little pill).
I'm poor but I'm kind
I'm short but I'm healthy, yeah
I'm high but I'm grounded
I'm sane but I'm overwhelmed
I'm lost but I'm hopeful baby
What it all comes down to
Is that everything's gonna be fine fine fine
I've got one hand in my pocket
And the other one is giving a high five
Појадок кај Тифани е филм-оскаровец 1961 година, во кој Одри Хепберн и Џорџ Пепард се појавуваат во главните улоги. Режиран е од Блејк Едвардс. Портретот на Холи Голајтли како наивен, ексцентричен социјалит најчесто се смета дека е најпознатата и најнезаборавната улога на Одри Хепберн.Што по ѓаволите значи тоа „социјалит“ на македонски? На англиски „socialite“ (сошалајт) е лице од високата класа кое се занимава со организирање и учество во забави, на пример пребогатата Парис Хилтон. Мислев функција на една енциклопедија не е да измислува и воведува нови термини, туку да го систематизира, класифицира и презентира постоечкото знаење.
Standin on your mama's porchДруг познат канадски рокер е политички активниот Нил Јанг.
You told me that you'd wait forever
Oh and when you held my hand
I knew that it was now or never
Those were the best days of my life
Remember yesterday - walking hand in handбалада која по степен на носталгија може да се мери со „Летото на 69-та“ од Брајан Адамс.
Love letters in the sand - I remember you
Through the sleepless nights and every endless day
I'd wanna hear you say - I remember you
First we take Manhattan, then we take Berlinсамо како коинциденција има врска со стратегијата Македонија прво да се добие признание од членовите на НАТО на американскиот контитент, па потоа и од оние од европскиот.
(Прво го освојуваме Мехнетен, потоа го преземаме Берлин)
Арно ама, останува и носталгијата за младоста и детството - и веројатно е лесно да се падне на искушението да се набројат оние посебни албуми што ги имаш купено, преснимено, па дури и изрежано со трпеливо прибирање емпетројки по торенти. Особено оние за кои ги имаш сторено сите тие работи. И веројатно се повеќе од пет. Како што се повеќе од пет и луѓето за кои може би ти било кеиф да дознаеш што им е омилено. Но ако и тие го сакаат истото, ќе си објават и без да бидат прозвани. Или нема?Врвниот период на форматот на албумот беше во шеесеттите и седумдесеттите. Компакт-дискот наводно требаше да го означи почетокот на нова ера за албумот. Наместо тоа, долгорочно се покажа како поттик за негова пропаст: ЦД-то олесни прескокнување на послабите песни, кои ги имаше многу, оти компаниите напикуваа и до 22 песни на едно парче пластика. Подоцна, МП3-ките понатаму ги исечкаа албумите во расфрлани парченца.
Прво су настале амебе, па Јевреји.Она што ми пречи кај ваквите проекти е:
Па су Срби дошли из свемира.
Па тек су ондак Хрвати дошли из Перзије!
Римјаните биле неверојатно комплексни луѓе, а и ние сме неверојатно комплексни луѓе. Може да научиме многу за тоа зошто работите се такви какви што се преку гледање на она што тие го правеле.Во еден од предметите на Велер студентите споредуваат модерни дела за Стариот Рим (холивудски филмови) со дела напишани во рамките на таа цивилизација (оригинални книги).
Нели е малку апсурдно да се признава правото на двојно државјанство, а да не се признава правото на двоен или троен етнички идентитет?Понекогаш се прашувам колку некои работи кои ги земаме здраво за готово всушност имаат основа во некои бирократски одлуки донесени некогаш одамна, од типот формулари со само еден избор, или бази во кои „не може“ да се додаде поле. Тесно поврзани со ова се и за фашизоидите тенденции, за кои имавме свеж пример пред некој месец, кога наш висок политичар изјави дека личност со „нечисто“ потекло нема право да говори за дадена етничка група, во која припаѓа „парцијално“.
Зошто да не можам во исто време да се чувствувам, на пример, како етнички Албанец и како етнички Македонец, ако татко ми е Албанец а мајка ми Македонка? Со какво право ме перципираат како „пола Албанец“ и „пола Македонец“, а не како цел Албанец и цел Македонец - кога ги зборувам и двата јазика и подеднакво ми се блиски и двете култури?
Оваа книга е значајна затоа што конечно се објавува книга за Македонија на англиски јазик што ќе биде широко достапна. Форматот сам по себе ќе помогне да се допре поширок опсег публика, особено и луѓе кои не се заинтересирани да читаат класични научни анализи и историски осврти.Тема на стрипот е анализа на спречување на конфликтот, раскажано во вид на патепис. Како што веќе најавив, планирам да се произнесам и јас за делово. Инаку, како што е ред во современието, отворен е и блог за книгата.