Блекаут

22 August 2006

„Спонзоруше“ може да се купи во Скопје

Како надоврзување на постот за интервјуто со Маша Ребиќ и прашањето што го поставив во него, книгата „Спонзоруше“ на српски јазик може да се купи во Скопје.

Минатата недела ја имаше во „Топер“, и тоа во книжарницата во ГТЦ за 336 денари. Таму ми објаснија дека не добиле големо количество оти изгледа книгата е сеуште актуелна во Србија и тамошниот издавач чека до есенскиот саем за книги, па пота што остане праќа навака.

На фотосот од веб-сајтот на издавачот „Народна књига“ е авторката.

Рецензија следи, само после остварувањето на најавата во врска со „Темно скенирање“ (A Scanner Darkly).

PS
Прашав и во „Три“ и „Табернакул“, таму ја немаше. Што им е на фирмиве, што бираат имиња се на „т“?

3 comments:

Karakash said...

Јас ја запознав авторкава преку CKM:)

Razvigor said...

И јас, што се из линканог може видјети. Добар весник е тоа, за пример!

Darko156 said...

Ех, добриот стар CKM

Ептен ме воодушевуваше кога почна да излегува, дури го нарачував од Белград за да не го чекам цел месец. Сега некако ми стивна желбата за него, некако почна шаблонски да ми изгледа, но сепак класа магазин со перфектна пропорција на содржини :)