Блекаут

23 April 2007

Денот на глинената табличка

Може без најмало претерување да кажеме дека да ја нема глинената табличка, ќе ја нема ни нашава возвишена цивилизација. Да, секако постојат и други начини да се запишува, како на стели и столбови, на ѕидовите на палатите и храмовите, па дури и по ќупови. Но глинената табличка е ненадминлива. Може да се носи во џеб. Може да се чита в кревет. Ефтина е, па може да се користи за запишување и на секојдневни работи, како сметководство, а не само за религиозни списи и прогласи на пресветиот владетел.

Записот не бледнее, а ни глувци не ја јадат како што може да го изгрицкаат пергаментот. Не гори како онаа луксузна западна новотарија, папирусон. Впрочем, ја користиме веќе две, па можеби и три илјади години. Затоа со посебен указ на царот Хамураби, денешниот ден се прогласува за Ден на глинената табличка.

...

Поздрав до Би, и до сите што не слават ден на ЦДто, винилската плоча, ДВДто, ласерскиот диск, касетата, магнетофонската лента... односно оние кои сваќаат дека не е поентата во физичкиот медиум на кој се запишуваат информациите, туку во создавањето и пренесувањето знаења. Тоа што во во Скопје имаме Саем на книгата, наместо саем на информациите (информатичко/циско општество), значи дека издавачите не се гледаат себеси како продавачи на содржини, туку како продавачи на физичките предмети книги, весници итн. И после се чудиме зошто има малку содржини на интернет.

1 comment:

Anonymous said...

Првиот лаптоп. Супер ден би било тоа.