![]() |
Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.
Блекаут
31 March 2008
„Мојот Скендербеј“ на Драги Михајловски достапен преку интернет
29 March 2008
Октопод јаде ајкула
Во аквариумот во Сиетл, одговорните мислеле дека е добра идеја да се премести октоподот во големиот оддел каде што имало и ајкули...
28 March 2008
Фото од промоцијата на книги од блогери

Меѓу многуте луѓе на лице место имаше и некои со далеку подобри фотоапарати од мојот телефон, а и една девојка со видео-камера. Очекувам далеку поквалитетни визуелни записи по други блогови и сајтови.
Бременост низ стрип
Македонска ГНУ/Линукс планета - еден предлог
При денешниот преглед забележав дека Планета не го прикажува вметнатото видео од Ју тјуб кое постои во оригиналниот пост на Би за „Жена и куќа“. Би за среќа има експлицитно наведено и линк до оригиналната страница на видеото. Во други случаи, ако членовите на Планета вметнуваат видеа, треба да го сторат истото, што може и да го пропуштат. (Јас на пример, кога вметнувам видеа веќе и не чувствувам потреба да додадам линк, мислам дека кодот за ембединг е доволен.)
Ако уредувачка политика на агрегаторот е да го игнорира кодот со флеш во него (не навлегувам во оправданоста), тогаш би било добро автоматски да се вметнува ознака дека „овде има видео, но за да го видите кликнете на пермалинкот до оригиналиот пост“ или така нешто.
Меѓу митот и стравот
Цитатот е пренесен од текст на Никос Констандарас од Катимерини, пренесен од Макфакс. |
27 March 2008
Биволи против лавови
Значи прво одат биволите, па после тука е и лавот, ама не е сам, всушност се лавици, па... и на крај кога му ја скрши кичмата... и на брат му му ја скрши кичмата.
Ептен е возбудливо, а едновремено може да обрнете внимание и на коментарите на луѓето што снимаат, како некои од забелешките се повторуваат и амплифицираат...
Бонус линк за тие што ги сакаат животните.
Развод на албански начин - нов документарец
25 March 2008
Панорамио како алатка
Пинчер Барнет препорачува користење на Панорамио за промоција на Македонија.
Ја поддржувам иницијативата. Токму за таа намена и јас пред едно пола година отворив подружница таму.Елементи, нова е-книга од Леонова
Леонова објави дел од својата поезија и во форма на е-книга, дело кое го интегрира текстот со визуелен дизајн и фотографски елементи:
Елементи е достапна во ПДФ-формат, објавена под Криејтив комонс.
Мајмунот испадна попаметен од мене!

Ајуму е 7-годишно шимпанзо... Дали можеш да го победиш Ајуму во овој тест на меморијата?Признавам, вечерта на 24.3.2008 се обидов и освоив помалку поени (6) од мајмунот-Јапонец (8). Како оправдание смислив дека мајмунот е помотивиран, оти тој сепак решава тестови за да си заработи храна, а со победа на тестов јас единствено би си ја нахранил суетата. Пробајте и вие!
24 March 2008
Јапонија: Американскиот енка-пеjач предизвикува возбуди
Џеро, првиот енка-пејач роден во Америка, стана тема на муабет во јапонската блогосфера минатата недела откако го објави својот деби-синг „Умјуки (Океански снег)“. Синглот го освои четвртото место на топ-листата на Орикон, со што постави рекорд и за жанрот енка и за топ-10 листите во однос на деби сингл од овој жанр.
Поздрав до Би и другите љубители на јапонската култура.
Фиктивни, а славни (можни) Македонци?

Помакедонско презиме од Карев, со традиција, нема уште од 1903 г. До душа, може да има и некои Бугари Кареви. Нема врска. За ликот на младиот доктор што не сака многу учење, а сака да се кара и мрчи, официјално се знае дека е по потекло од Ајова и дека имал несреќно дејство, со татко пијаница. Додека студирал бил борач (еден од ретките трофејни спортови во РМ). Не можев да најдам ништо дополнително за потеклото, па се обратив на обожавателскиот сајт за Алекс и Изи. Ајс, една од администраторките, ми кажа дека нема нема повеќе информации, освен дека „името звучи источноевропски“.
Оценка: * ** (три сонца)

„Во 1945 година безимено девојче избегало од бегалскиот камп во Калирос, Грција. Таа не се сеќавала на ништо од своето кусо минато. Талкала низ повоените медитерански и арапски региони. Во текот на тие години го научила грубиот начин на преживување.“Дете-бегалец од Грција, со избришано сеќавање на минатото - звучи сосем егејски. Скоро како Тед Јанас од книгата Македонскиот конфликт на Лоринг Данфорт, кој го минал поголем дел од животот несвесен за своето потекло. Плус, пунџата е омилен вид на фризура на Македонките од таа генерација.
Оценка: * * * (три сонца)

Оценка: **** (четири сонца)
„Австријците од ЕВН“
Првата особено се употребува во контекст на непопуларните исклучувања струја поради неплаќање, додека втората не се употребува при информирање за поволности и намалени цени што Австријци ги донеле на пазарот на мобилна телефонија во РМ.
23 March 2008
Пронајден клипот од „Шовинистичка фарса“
(Ако се спореди оригиналниот текст со оној што го имам запамтено, се гледа дека човечкото помнење е лажливо - сум имал „дупки“ во редоследот.)
21 March 2008
Најстариот, ама од најмладите (балканци)
Човечки скелет што датира 7,000 години пред новата ера открија денеска македонските археолози, кои претпоставуваат дека станува збор за најстариот неолитски жител на Балканот.Неолит = младо камено доба, односно најблискиот до нас период од предисторијата. На Балканот луѓе живееле стотици илјади години пред овој жител, од пралуѓето од Петралона, Грција, до последните неандерталци од Крапина, Хрватска.
Скелетот е откриен на археолошкиот локалитет Грнчарица, кај штипското село Крупиште.
„Ако се земе во предвид дека населбата е една од најстарите на Балканот и ова е погребување во една најстара населба, најнормално дека тоа е најстариот човек на овој простор", изјави археологот Трајанка Јовчевска.
Дијалектика на Гугл видео
Ова е добар потег на авторите, оти барем го враќаат на интернет она што од неа го имаат земено за употреба во традиционалните медиуми.
20 March 2008
Шри Ланка: Сеќавања на Артур Кларк

(Ова е прв напис што го имам преведено за Глобал војсис на македонски.)
19 March 2008
„Пружете му задоволство на шефот!!!“
Гонце Јаковлевска, уредничката на Граѓански свет, во текстот „Пружете му задоволство на шефот!!!“ (бр. 79, 02.2008), пишува:
Деновиве, на телевизиските програми се појави нова реклама, за ново кафе. Претпоставувам веќе сте ја виделе. Секретарката се лизга по маса на стомак и се запира пред шефот со чаша од тоа, новото кафе во рака? Не знам какви чувства ви буди вам, ама јас по првото гледање морав да си ја потприберам вилицата од чудење, згрозување, неверување... како може некому да му падне нешто вакво на памет? Како можеше никому да не му падне на памет да реагира на рекламава?
Рекламните агенции главно ја користат жената, односно нејзиниот физички изглед за да ја зголемат продажбата на продуктите на нивните клиенти. Сакајќи или несакајќи тие ги портретираат нејзините стереотипни улоги во општеството. Па, постереотипно од ова, здравје! Кои се пораките на рекламава? Жената е едвам способна да биде и секретарка, ни кафето не може без проблеми да го донесе во собата за состаноци (во рекламата таа паѓа носејќи го кафето). Затоа, драги мои дами, не бранувајте и не претендирајте на повисоки позиции!!! Па погледнете ви се молам кој седи на фамозната маса за состаноци: само мажи! Природно зарем не?! А што значи тоа што секретарката е во лежечка положба... Боже драги, зарем тоа не е премногу?
Е токму затоа се бунам за вакви злоупотреби на реклами и пропаганда.
Умрел Артур Кларк
Боинг боинг нема дополнителни информации, но линкува до инспиративен некролог во Л.А. Тајмс.
18 March 2008
Хобитите и кретенизмот
Сироти хобити од Флорес (29.10.2004).
- Прво исчезнале физички уште на времето.
- Набргу по откривањето на нивните остатоци им се закани ново исчезнување, ако се класифицираат како обични луѓе со микроцефалија (31.01.2007) „ретка состојба при која главата е абнормално мала поради неправилен развој на мозокот“.
- Сега пак се „обвинети“ дека биле обични луѓе со кретенизам предизвикан од недостаток на јод во исхраната (17.03.2008) - каква идеја за нова застрашувачка реклама за минерална вода!
Замислете свет населен со малечки луѓе, џуџести слонови и големи глодачи. Изгледа пофантастично од траварскиот Шајер. Изгледа дека повеќе луѓе би се согласиле дека „Фродо е жив!“ од оние кои би ја поддржале претпоставката за праисторискиот екосистем на изолираниот индонезиски остров.
Банер за Глобал војсис на македонски

Вклучувањето на нашиот јазик во семејството и преведувањето на странските написи не само што го подига нивото на информирање на македонските говорители, туку им покажува на сите читатели на овој влијателен сајт дека таков и таков јазик постои, како и луѓе кои го користат.
Македонската и албанската верзија на Глобал војсис објавени официјално
- на македонски,
- албански и
- германски јазик.
17 March 2008
Компирова естетика
Во коментар на постот „Конкурс за најдобра фотографија на компир“, Виолетова вели:
И мене жирирањето ми личи како голем предизвик, иако очекувам ваква „ограничена“ и прозаична тема да поттикне многу креативни решенија од целиот свет. Оти компирот не е за потценување. На пример, во Бруж наскоро ќе се отвори музеј на компирот, кој во негова пржена форма (македонски: помфрит, англиски: french fries, француски: frites, холандски: frietjes) Белгијците го сметаат за национално јадењене би се нафатила да бидам во комисија за оценување слики на тема - компир...
![]()
15 March 2008
Македонија ја брани Европа од расна хомогенизација на историјата
Во текстот „Македонија мора да ја одбрани Европа“ (Macedonia must defend Europe) Марко Хоаре укажува на еден исклучително важен аспект на спорот со името:
Сваќам дека за ментално здрава личност може да биде тешко да разбере што се случува тука: замислете Англичаните да започнат борба со Велшаните за тоа дали Будика била ’англиска‘ или ’велшка’, или со Французите за тоа дали Ричард Лавовско Срце бил ’англиски‘ или ’француски‘. Замислете Французите да се закачат со Германците за тоа дали Карло Велики бил ’француски‘ или ’германски‘. Ниедна зрела, демократска нација не би презела вакво нешто. Од друга страна во 21 век очигледно е возможно проширувањето на НАТО и стабилноста на Балканот да биде загрозена од такво прашање. Всушност, импликациите се уште поопасни: ако Словени не смеат да го користат наследството на Александар Велики, дали граѓаните на Велика Британија со потекло од Западноиндиските острови или Азија смеат да го споделат наследството на Будика или Ричард Лавовоско Срце? Дали на германските Евреи им е дозволено да го споделуваат наследството на Фредерик Барбароса, или италијанските Евреи наследството на Јулиј Цезар? Ако дозволиме Грција да наметне расна хомогенизација античката историја, што ќе остане од западните вредности?
Потсетувам на два мои текста на темава, погодни за препраќање до пријатели од странство:
12 March 2008
Веб-нарцисоидност
- со други веб-сајтови на весници, од каде што се гледа дека тука некаде се и Вест и Дневник
- и особено со интернет-медиуми
Секако, најважно е што Алекса не е репер, оти примерокот врз којшто ги базира своите проценки не е репрезентативен. Всушност, тие немаат објавено ни информации за примерокот, а ако не може да се процени валидност, тогаш ни тврдењето нема тежина. Арно ама, за оние што сакаат да си ги мерат, Алекса е сепак важен, оти е еден од ретките такви мерачи. Плус, неговите податоци ги користат и трети страни за правење разноразни листи - чии резултати може да послужат за индивидуална промоција на сајтови или на целиот македонски веб. Веројатно од Македонија го користат многу малку луѓе, што отвора можност за промоција преку него:
- ако некој портал или попосетен сајт поттикне барем дел своите посетители да го инсталираат тулбарот на Алекса, веројатно неговиот ранг ќе рипне поприлично.
Бесполезни петиции и активизам од фотелја
Таканаречениот активизам од фотелја се базира на учество во кампањи преку препраќање на петиции по е-пошта или потпишување петиции на веб-сајтови. Со оглед на тоа што не бара многу напор, оваа практика е добра за луѓето кои сакаат да имаат добро мислење за себе, но се мрзливи и кога би требало да направат нешто повеќе за каузата, всушност и не би го направиле. Таквите „активисти“ веројатно не би отишле да потпишат петиција на плоштад или да демонстрираат во врска со некое важно прашање.
Во најголем број случаи, петициите по интернет се неефективни оти не даваат јасна слика за бројот на потписници. Методите кои би овозможиле точно следење на потписниците истовремено би ја загрозиле нивната приватност, па нема смисла да се применат. Затоа петициите преку интернет се еквивалент на петиции на кои сите потписи изгледаат како да се со ист ракопис – било кој може да додаде колку сака имиња на нив. Ниеден сериозен политичар не би ги зел предвид како глас на народот.
Особено бесполезни се повиците за петиција кои немаат краен рок. Така, една порака за спас на амазонската џунгла може да се врти по интернет со години откако бразилските парламентарци (за кои ѓоа била наменета петицијата) ја донеле клучната одлука – за која никому од тие што потпишуваат препраќаат всушност и не му е гајле, оти да му е гајле би бил во тек со состојбата на теренот.
08 March 2008
Скромен предлог за коментарите на Блогерај
- коментарот да се појави како надоврзување на постот на туѓиот блог, како и досега
- коментарот автоматски да се постави како нов пост во блогот на коментаторот, со линк до постот кој се коментира.
Придобивки за блогерите
- намалена цензура - никој не може да избрише коментар поставен во пост на туѓ блог
- поголема видливост на насловната страница - линковите до нови постови се повидливи од линковите до нови коментари кои се во рамки на постови
- помалку тролување (тролинг, тролство?)
- поголема продукција на постови = повеќе индивидуални веб-страници со поразлични содржини ќе доведе до поголемо привлекување на машини за пребарување, а со тоа и повеќе и поразлични посетители
- повеќе страници со повеќе линкови до насловните страници, поголем ранг на Гугл
07 March 2008
Е-книги: Драги Михајловски со три нови дела на Интернет
Оваа недела, на порталот за авторски дела објавени под Криејтив комонс, во електронска форма станаа достапни македонските преводи на уште две драми од Вилијам Шекспир,
- комедијата „Од влакно ортома“ и
- трагедијата „Ричард Трети“
како и збирката „Раскази од шести кат“ од преведувачот и писател Драги Михајловски.
За него, Алекс Букарски вели:
Откако, неодамна Петре си замина, тој според моите вкусови е несомнено најдобриот раскажувач во македонската современа литература.
06 March 2008
Jавен простор на Зоран Попоски
03 March 2008
Операција Арка
Ако ги следите работите во врска со климатските промени, ваквиот развој на настани би ви бил и очекуван, во комбинација со учеството и на ООН и ЕУ. Учествуваат и некои од најразвиените земји на светот - но своја „заштеда“ даваат и земјите во развој. А овој типов е апсолутен цар:
За домашна: Дали и како Македонија е вклучена во проектов? Како се чуваат нашите семиња? |
01 March 2008
Ладен туш за жртвите на празноверие

- Мижи да ти баам... (8 минути)
- Астрологија и хороскоп (вкупно 12 минути)
Особено кога користат реални несреќи како потврда за „јасновидството“. Гатачот ликува дека демек испаднал во право, наместо да покаже сочуство со загинатите.
Дали мора и да се спомене дека за нешто да биде прифатено како научно точно треба да се направи споредба со прилично голем примерок на настани, а не преку истакнување на изолирани случаи?