Блекаут

04 February 2007

Време: „Мајкрософт“ и со „Виста“ продолжува да не фиромизира

Во саботниот број на „Време“, новинарот Владимир Николовски открива дека „Мајкрософт“ и со „Виста“ продолжува да не фиромизира:
Како македонски од Поранешната Југословенска Република Македонија или „Macedonian (Former Yugoslav Republic of Macedonia)“ е именуван нашиот јазик во „Windows Vista“, најновата верзија на оперативниот систем на „Мајкрософт“. Со полуфиромизацијата на македонскиот јазик, во „Мајкрософт“ само делумно ја исправија неправдата од оперативниот систем „Виндоус ХП“, каде што нашиот јазик беше наречен „ПЈР македонски“ (FYRO Macedonian).

На искривувањето на името на нашиот јазик во постарата верзија на „Виндоус“ реагираа повеќе корисници што сметаат дека „Мајкрософт“ безобѕирно и без никаква консултација го прекрстил нашиот јазик. Домашните компјутерџии реагираат и на тоа што многу во фонтовите на постарите верзии на „Виндоус“ се јавуваат бугарски наместо македонски букви.
Мислам дека второво прашање е уште поважно од првото. Тоа со земјата ќе се реши, како и да е, но она со фонтовите кои не се по македонски правопис или се приправени-недоправени е голем проблем не само за неговите муштерии, туку и срамота за самиот Мајкрософт, оти испорачува блатантно неквалитетен производ. Се надевам дека е исправено во Вистата. Сликичката е од Икс-пето, немам Виста на располагање - засега.

1 comment:

Anonymous said...

Прашањето е обратно... Дали има комерцијално достапни или бесплатни фонтови кои задоволуваат квалитет на екран и печат кои не го користат т.н. „бугарски“ курзив.

И ако курзивот е бугарски, тогаш зошто цела младост читав Колибри (во Нова Македонија) со буквално истиот изглед на букви?

И конечно чиј проблем се македонските букви? На Мајкрософт / РедХет / Новел / Епл?