Блекаут

12 February 2007

Загрозените конкуренти на Википедија

Википедија најчесто се споменува како антипод на Енциклопедија Британика. Но има и една друга енциклопедија, која пред сè излегува во дигитална форма (ЦД) и која го загуби приматот со подемот на слободниот проект.

Број на линкови (врски) од други веб-сајтови кон трите најпознати енциклопедии на интернет. Вредностите варираат и на кратки периоди.

Разликата е уште подрастична ако се споредат резултатите на „Соуш’л митер“, кој во своите пресметки го инкорпорира бројот на линкови од Гугл заедно со други пребарувачи и системи за следење линкови. Во случајот на Википедија, тој евидентира над 5,5 милиони линкови од блогови, регистрирани од Технорати.

3 comments:

Tome said...

А во контекст на тоа колку кој кого линка, how about фактот дека само Wikipedia е без пари? :) И без технорати би погодил што е работата ;-).

Razvigor said...

Подобро е емпириски отколку со погодување и предрасуди... Инаку, со постов само констатирам, а зошто е тоа така, ќе се обидам да осознаам наскоро.

Tome said...

Ама што сега предрасуди, само логика... за разлика од Википедија, кај другите енциклопедии не можеш да линкаш до страници што се наоѓаат зад платен сервис, и веројатно затоа бројот на линкови е многу помал.