Блекаут

13 March 2007

Природно си е природно - еволуција и сексуални ориентации

Рибаро обрнал внимание на рецензијата и самиот сајт „Родени различни“ (Born Different), кој ја застапува тезата дека „сексуалната ориентација е резултат на генетски фактори и хормонална активност во матката пред детето да се роди“.

Во дискусиите кај Рибаро има и линкови на тема различни сексуални ориентации кај животните - а во прилог на дискусијата што е природно, а што не. Таму сите се на англиски, па еве и еден на македонски „Природност и хомосексуалност“.

А што се однесува до еволутивната улога на нехетеросексуалците, за жал не можам да посочам конкретни анализи во моментов, но ми звучи логично дека кај видови од типот на приматите, кај кои бременоста и периодот на постнатална грижа траат релативно долго, да се развијат механизми некои од членовите на групата да не забременуваат, за да им помагаат на родилките во грижата за веќе родените деца.

Плус, заедниците на ловци-собирачи, односно номади, немаат голем интерес да бидат што поголеми (за разлика од земјоделците). Стилот на живот не е погоден да издржува многубројни семејства. Неандерталците на пример, применувале убиство на бебиња (infanticide) како средство за контрола на раѓањето, или спречување од глад да изумре цела заедница во текот на долгите зими...

2 comments:

Anonymous said...

Филип, линковите не водат повеќе на вистинското место. Уредниците на Borndiffrent ја смениле содржината на нивниот сајт... комплетно

Развигор said...

Рибаре, не е сменета содржината, туку им истекла претплатата за доменот - па сега е паркиран „генерички“. Во секој случај, фала за информацијата, многу е корисна.