Блекаут

27 March 2007

Одговор на ситењето на Новица

Новица од Слободен софтвер Македонија ме прозвал дека наводно не го практикувам тоа што го проповедам, односно дека некои членови на неговата НВО добиле пораки од мејлинг листа на Метаморфозис без тоа да го побараат. Неколку факти:
  • На таа мејлинг листа „на времето“ (далечната 2005 година) беа вклучени адреси на луѓето кои се занимаваа со заеднички активности поврзани со преведувачки маратони, изработка на несудениот софтвер за речник и сл. Тогаш за тоа немаше проблем. Се случува да се подзаборави, па да изгледа ново.

  • Мејлинг-листата во меѓувреме беше неактивна и никој од Метаморфозис не ја употребувал.

  • Интернет-провајдерот каде што е хостирана мејлинг-листата баш денес инсталира/реконфигурира нови системи за е-пошта, што е веројатно причината за реактивација на листата - со автоматска порака.
Во секој случај, ќе проверам во што е работата, следејќи ги принципите за приватност што бездруго ги препорачувам. Stay tuned.

1 comment:

Aleksandar said...

Здраво Филип,

1. Зошто мислиш дека Новица со неговиот блог-пост ти се сити?

2. Зошто софтверот за речник го нарекуваш несуден? Тоа звучи како некој од заедницата да не завршил одредена работа, јас повеќе би рекол дека сите ние (иако јас директно не бев дел од организацијата на ова) сме забошотиле работа, такашто тоа дека софтверот е несуден е вина на сите нас и грешката треба да ја бараме во тие што требало да мотивираат програмери да го сработат софтверот, финаниски или поинаку

3. Да не правиме флејмвор, и онака поддржувачите на слободен софтвер во Македонија се малку, па може по една чашка единство? Што викате?

4. Третото важи и за Новица, за жал нема можност за коментирање на неговиот блог.

Поздрав,
Александар (Лугола)