Блекаут

11 February 2007

Промоцијата на книгата на Венера - накратко

Вчера имав чест да присуствувам на најавената промоцијата на поетската книга „Полиглот на тишината“ на Вероника Костадинова - Венера, која се одржа во Неготино. Настанот беше одлично осмислен и организиран, при што писателката Тамара Арсовска ја прочита рецензијата на делото (препорачувам!) при/по што заедно со впечатливата Трајанка Митрова, медиумска личност од Кавадарци, презентираа и избор од поезијата.

Настанот беше надополнет со модна ревија на Лепосава Дабевска Јанакиевска и дегустација на вина „Св. Елена“, во согласност со античката традиција на баханалии, а и симпозиуми (= заедничко пиење). На настанот учествуваа и други видни личности, од општествениот, политичкиот и деловниот свет, меѓу кои и „делегацијата“ на МБЗ во состав Арвена, Анастас, Гершанина, Волан, Хулахопа, Рибаро и Орде, Намерник и музата Марина.

2 comments:

Anonymous said...

Делегацијата ја застапуваше Македонската Блогерска Заедница најодговорно и најпрофесионално. Симпозиумот беше инспиративен и восхитувачки испонителен со забава и пријатни чувства ;)
Благодарам :)

Anonymous said...

ееее за музата Марина колку имам пишувано.