Блекаут

21 February 2008

Двојната формула и ЕУ

Се согласувам со Гуд бајтс во врска со ултимату... новиот предлог за името:
Имено, Нимиц наводно нуди да прифатиме едно име и тоа да важи за сите меѓународни институции, за Грција и за сите земји кои не нè признале досега. Исто така, ова е нешто ненајавено досега, тоа ново име да стои во нашите пасоши.
Наредното е клучно. Сè додека сме надвор, во чекална, ние немаме глас при донесувањето одлуки, а членот на тие сојузи секогаш ќе има предност наспроти „соседот“.
Евентуално, полесно или потешко, Македонија ќе влезе во НАТО и ЕУ, било тоа според волјата на Грција или не. Но кога тоа еднаш ќе се случи, тогаш веќе од позиција на еднакви нема да дозволиме да не понижуваат повеќе и ќе го решиме проблемот трајно и на начин на кој нам ни одговара.
Имам чуено дека користење двојна формула нема да биде преседан во рамките на ЕУ. Кога Република Ирска и Велика Британија потпишуваат меѓусебни договори, Ирците имаат своја копија а Британците своја. На британската стои нивното уставно име Обединето кралство на Велика Британија и Северна Ирска, а на ирската оној последниот дел е изоставен. Можно е г. Фуере да знае повеќе за ова, не е лошо некој новинар да го потпраша.

6 comments:

нена said...

Само мало појаснување- кога овие две држави потпишуваат меѓусебни договори, тоа е во рамките на нивните, нели , билатерални односи. Во мултилатералниот свет (еве, на сите ЕУ папири на пример), УК го користи полното свое име (сосе С.Ирска делот). Вакви примери во билатералните односи има и во однос на јазиците- доколку страните (државите) имаат спор на таа тема, потпишуваат еден папир, на трет, спогодбен, најчесто англиски, јазик. Така да ова не е преседан во рамките на ЕУ,туку работа на билатерален договор.
Освен тоа, ние немаше, како јас разбирам, да имаме проблем и да бидеме преседан (како што секако веќе одамна е , овој спор). Работата е што опцијата „“бидејќи спорот е билатерален, да се договориме за друго име за билатерална употреба“, како гледаме, веќе не постои. Тоа беше најголемата отстапка за која досега постоеше внатрешен консензус.

GoodBytes said...

Нена, зошто велиш дека опцијата „за друго име за билатерална употреба“ веќе не постои? Мислиш заради последниот предлог на Нимиц? Затоа што и досега таа опција не ни беше понудена, тоа е наш предлог, нели.

Иначе криво ми е што некои аналитичари од МК го лапнаа мамецот од Грција и ја поставија работава „џа или бу“, токму како што Грците сакаат. Моето мислење е дека НАТО и ЕУ се милион пати помалку важни од идентитетот на државата.

Од една страна, ни НАТО ни ЕУ не се гаранција ни за безбедноста, ни за благосостојбата на Македонија, ама затоа пак од друга страна, треба додека сум жив да одам со наведната глава пред секој странец, а особено пред нашите комшии. НЕ!

Македонија треба да ги повторува своите аргументи и рамката во која е за нас прифатливо да го решиме Грчкиот проблем со нашето име. Во меѓувреме, треба да работиме на подобрување на стандардот на живеење во сите сфери на државата. Ова е најдобра формула за успех.

нена said...

Да, точно е дека тоа е наш предлог, и истовремено важеше за црвена линија преку која не можеме да преминеме. Сепак , мислам дека во преговори, кога еднаш ќе се постави повисок праг на масата, автоматски на понискиот нема враќање.

kirev said...

Прагот не е подигнат. Значи нема некои работи за кои сме согласни па сега да одиме натаму. Гледајќи ги „преговорите“ за „клучна тема за Грција“ - 15 години ништо не прават, најголем инвеститор, скроз доброседски односи и просто не е можно толку лош предлог за едната страна да стигне во момент што се нарекува „клучен“. Бакојани се израдува па и го објави во сите весници... Излегува дека целта на предлогот на Нимиц беше таа што ја постигна - наводно „одбивање“ на Македонија и целосна некооперативност. Нимиц (демократ) беше изманипулиран од Грците дека ние ќе попуштиме под притисокот и затоа си дозволи да излезе со таква глупост.

Нејсе, проблемот е следниот - ми се чини дека ние не успеавме да се избориме за НАТО. Како воен сојуз, НАТО очекува компатибилност од земјите членки - целосно сме некомпатибилни, но тоа никој не го споменува. Значи, не се изборивме ние, туку САД реши да н`е стави во НАТО за да н`е заштити.

И тогаш, Грција после 15 години кочење на „преговорите“ (оценка на Иван Тошевски) го начекува моментот да им се плетка на САД. Неќе моќи... Едноставно нели, САД ќе н`е бутнат внатре и Грција ќе си молчи (с`е поевидентно е разногласието меѓу Карамналисовски и Мицотакис).

И најважно од с`е - Времената спогодба е јасна и децидна. Ако Грција ја прекрши на 2 април - следниот ден ја даваме на суд за отштета, ги замрзнуваме грчките имоти во земјава (Усје, ОКТА, Стопанска банка) и се пријавуваме во ООН како Македонија, а Нимицакис може да продолжи да се дружи со Грците. И после 15 години Грците ќе им објаснуваат на гласачите како Меѓународниот суд на правдата и ООН направиле голема неправда. Пирова победа? Море Пирова загуба...

А ние ќе си останеме во царинска унија со ЕУ (Пактот за асоцијација и стабилизација). Најверојатно ќе се опремиме за во НАТО, но нема да влеземе а СОФА договорот ќе го прошириме да личи на придружно членство...

И ЕУ и НАТО се многу слични на банкарски кредитори - ти даваат кредит (прием) кога веќе не ти треба, нели...

Anonymous said...

До коментарот на Кире : „И најважно од с`е - Времената спогодба е јасна и децидна. Ако Грција ја прекрши на 2 април - следниот ден ја даваме на суд за отштета, ги замрзнуваме грчките имоти во земјава (Усје, ОКТА, Стопанска банка) и се пријавуваме во ООН како Македонија, а Нимицакис може да продолжи да се дружи со Грците. И после 15 години Грците ќе им објаснуваат на гласачите како Меѓународниот суд на правдата и ООН направиле голема неправда.„

И што се случи ?

kirev said...

Мислам има некаков развој на настаните, но САД и понатаму инсистираат да изгледа дека некој голем го наметнал решението а не дека ние сами сме се избориле. Не смее да изгледа дека ние сме ги победиле Грците, туку меѓународната заедница им нанела неправда... Докај нова година ќе се знае, но претпоставката ми е дека „ООН под притисок на САД“ ќе направат нешто. Затоа и Грците се обидуваат да ги сменат признавањата под уставното име.