Блекаут

15 February 2009

1% од населението на САД се затвореници

Доколку на Нејшнал џиографик ги следите документарците за казнено-поправниот систем во САД, ќе ви биде интересен написот за пропорцијата на затвореници во разни земји во светот (One Out of Every One Hundred Americans is Now In Prison..Largest Prison Population in the World).

Емисиите се емитуваат обично околу 10 часот навечер во работни денови.

Написот се повикува на истражувањето World Prison Brief на Меѓународниот центар за затворски студии при Кингс колеџ Лондон.

На листата која ја сочинуваат 218 земји, Македонија е на 139 место според апсолутен број на затвореници (2000 луѓе), а на 125 место според број на затвореници на 100.000 жители (107).

2 comments:

volan said...

не ме чуди ... нели историски гледано во САД најпрвин отидоа сите европски криминалци ...

Anonymous said...

VOLan!Toa e Avstralija.Amerika prvenstveno pocnuva da se naseluva so ludje vo potraga po sloboda na religija. A da snimat nekoja emisija za zatvorite kaj nas???