Блекаут

27 February 2009

Најава: Трибина на ГЕМ во Скопје

Движењето „Граѓани за Европска Македонија“ упати покана за трибина која ќе се одржи во сабота, 28 февруари 2009 година, во х. „Александар Палас“, конгресна сала 3, со почеток во 18 часот.

Ако сте по Фејсбукот, може да ви послужи и отворениот настан за трибината, како и каузата за ГЕМ.

На мојот претходен пост поврзан со движењево имаше многу коментари, некои интересни и информативни, а некои напишани само врз база на предрасуди и повторување туѓи непроверени гласини, без логика или реална основа. Решив да не ги бришам туку да ги чувам сите такви прилози, да послужат како доказен материјал при преземање соодветни правни мерки, по желба и потреба.

Се надевам дека ќе може да земете учество на трибината, би требало да биде многу интересно, а и прилика е за оние што навистина сакаат да дознаат каква е ситуацијата да го сторат тоа.

Во меѓувреме, две песни кои ми се мотаат по глава уште откако прв пат чув за иницијативата, отсликувајќи дел од расположенијата... „Ако не сега, кога?“ (If not now, then when) од Трејси Чепмен и „Иднината“ (The Future) од Леонард Коен.


No comments: