Веста дека претседателот Обама ја укинал забрана за финансирање на интернационални програми за планирање на семејство досега ја немам сретнато во македонските медиуми:
Во првата недела од својот мандат, американскиот претседател Барак Обама ја укина забраната за така нареченото „Global Gag Rule“. Потегот е поздравен од групите за права на жените и јавно здравство, бидејќи со ова ќе се овозможи повторно глобално да се финансираат интернационалните програми за планирање на семејство.
За луѓето кои се интересираат на темава, им го препорачувам извештајот за настапот на ѓоамити претставничките на „НВО“ кое разлепува крволочни плакати против абортусот во емисијата „Јади бурек“ на „Наша ТВ“. Покрај маестрално срочениот пост, многу ми се направи кеиф што сликата ја дополнуваат и читателите со низа важни детаљи, како на пример овој извадок од коментар на Фемгерила:
Јанко прашува- од каде ви е податокот за 60% инфекции и оваа мртва ладна одговара: од гледач-јавувач на гласот на народот кој се претстави како биолог. Ејјјјјјјј где ја то живим!?!?
- Кога почнаа да пукаат со „медицински податоци“, бројки и проценти Јане ги праша од каде тие информации. Еве го одговорот: Од интернет, од Вест, Време и Утрински весник и од комшивките и пријателките.
За оние кои не го сакаат Јанко може да биде важно тоа што во погорните линкови има информации дека неговата улога не е црно-бела (односно, црна), туку дека во неговата емисија овозможил и учество на луѓето кои се борат за права на жените во друга прилика. А дека не се сите македонски медиуми исти, потврдува позитивниот пример на емисијата „Кино око“ на „ТВ Алфа“.
No comments:
Post a Comment