Блекаут

06 February 2009

Придобивање на Ајрон Мејден да бидат за Македонија

Iron Maiden, Somewhere in TimeНа концертот на Ајрон Мејден закажан за 10.02.2009. во Белград, Авалон продукција и Влатче од Бекстејџ (екс Морал), имаат шанса да исправат една историска неправда и да постигнат една гооолема победа од Македонија.

Авалон се организатори, а на Сител ечат реклами дека емисијата Бекстејџ ќе обезбеди пристап зад сцената на концертот, па обете фирми со здружени сили да излобираат:

  • Стив Харис да го ажурира текстот на Alexander the Great прилагодувајќи го и на мислењето на современиците на Филип II како Демостен, кои го сметале за варварин, како и на модерните неутрални историчари, меѓу кои и американецот Јуџин Борза, кои античките Македонци и античките Грци ги сметаат за различни етнички заедници.
  • На пример, доволно е само делот

    Near to the east (близу до истокот)
    In a part of ancient Greece (во дел на античка Грција)
    In an ancient land called Macedonia (во старовремска земја наречена Македонија)

    да се замени на пример со

    To the north of ancient Greece (на север од античка Грција)

    и за почеток да го испее новиот текст на концертот. Да им направи кеиф на моите пријатели што ќе бидат на лице место.
  • Бекстејџ да објави интервју со Харис, а по можност и со Брус Дикинсон, познатиот познавач на историјата, за овие прашања. Ако не успее планот за промена на песната, барем нека прашаат јавно.
  • При тоа, Харис да се натера да признае дека солото што се свири некаде меѓу 3:50 и 4:35 минутa е направено врз основа на етничко македонско оро. Тоа е оној познатион дел со там-да-дадада-дам-да-дам. Ако не сака да ги прифати погорните предлози, да се конфронтира со прашање зошто не употребил грчко сиртаки како подлога наместо мелодија „од народното творештво на мнозинското население на северниот сосед“.
Како и сите други битки за идентитетот и оваа треба да се води со усул и љубезност, а не со обвинувања и арогантна навредливост. Да се има за цел да се создадат пријатели и сојузници, а не нови и поубедени непријатели, без разлика на нивниот досегашен став или можеби и ненамерна работа против нашата кауза. Измената на песната може да ја прогласат за ремикс, верзија 2.0, итн. При убедувањето да се искористат големи количества македонски производи, па ако треба „и вода од парно ако е над 40 степени“ (топаанска народна изрека).


1 comment:

Anonymous said...

да надополнам, не да контрирам:

„етничко македонско оро. Тоа е оној познатион дел со там-да-дадада-дам-да-дам“

многу далеку од тоа дека македонците ги имаат измислено неправилните ритмови и имаат ексклузивно право на нив (вака може да размислува само некој што не чул ништо повеќе од прва програма македонско радио). а грчката народна музика секако не се состои само од сиртаки, туку ги има во изобилство и „нашите ритмови“.