Блекаут

23 February 2009

Илинденска, „трупци“ и дрвја, Македонија и Ерменија

Испадна дека протестот на Илинденска против сечењето на дрвјата беше организиран од иницијативен одбор на локални граѓани кои повикувале преку едноставни плакати залепени по улицата. Во блогосферата информацијата ја пренесе Би, додека дел од присутните дознале преку настанот на Фејсбук, или од уште неколку блогови.

Во краткото време додека бев на лице место имаше неколку десетици луѓе кои потпишуваа петиција и меѓу себе разговараа за ситуацијата и наредни чекори. Одбивањето на локалната власт да искомуницира со граѓаните за најавеното сечење на дрвјата беше една од главните теми. Исто така се зборуваше и за тоа дека во понеделник изутрина ќе почнела сечата, наводно заради местење на атмосферска канализација.

За денешниот протест пообемни вести објавија: Моето мислење:
  • Дел од ул. „Орце Николов“ неодамна беше целосно реновиран, сосе канализацијата, коловозот и нов тротоар наменет за паркирање. При тоа, не беа испосечени дрвјата.
  • Ако проширувањето на булеварот „Илинден“ е клучниот фактор за решавање за проблемите со сообраќајот во Скопје, наспроти сеопфатна модернизацијата на јавниот превоз, отворање и проширување на други патни правци, воведување и други еднонасочни рути и слично, радо би чул аргументи за тоа.
  • Ерменија е посиромашна и позабутана земја од Македонија, но со висок степен на свест за своето наследство, па дрвјата од улиците не ги отстрануваат дури ни откога ќе умрат, туку ги претвораат во статуи. Фотографијата е од гратчето Ечмиаѕин, седиштето на нивната црква (кликнете на неа за поголема верзија).

1 comment:

Unknown said...

И. Што бидна со ова?