Блекаут

21 February 2009

Протест против сечењето на дрвјата на Илинденска

Со нејзиниот пост „Проект Илинденска (Нашата локална беда и ситни души)“ Би повикува на протест против сечењето на дрвјата на скопскиот булевар Илинден, кај аптеката Оскар и карши Пионерскиот дом Карпош, во недела 22.02.2009 г. во 13 часот.

  • Ако сте за спасување на дрвјата, искористете го вашето со Устав загарантирано право за мирно собирање и дојдете на протестот.
  • Ако имате блог, пишете пост на темава веднаш и ставете линкови до постовите на другите блогери што ја шират информацијава.
  • Ако користите Фејсбук, приклучете се на настанот отворен по повод протестот и поканете ги вашите пријатели и контакти да дојдат и да ја шират информацијата.

No comments: