За скандалот со именувањето на автопатот од Коридорот 10 размислувам од аспект на користа за обичните граѓани на Македонија.
Дали јас и другите 2 милиони нејзини жители ќе имаме некаква реална корист од тоа дали автопатот ќе се вика Александар Македонски? Дали со тоа ќе се подобри квалитетот на возењето по него, услугите што се нудат, структурата на подлогата и мостовите, бројот на ленти... Дали тоа што не бил наречен вака досега влијаело негативно на возачите? Ми се чини дека потегот баш сега да се избере такво име нема да доведе до реални подобрувања на патната инфраструктура.
Во однос на политичките импликации и позачестените обвинувања дека Македонија е провокатор во спорот со името кои нашата држава од жртва ја претвораат во нарушувач на добрососедските односи, мислам дека би било интересно Владата да не се инаети ко маалски фраер. Со скандалов има можност да се поентира на меѓународно ниво со примена на принципите на џиу-џицу: да се искористи силината на нападот на противникот и со неочекуван потег да се сврти во своја полза.
На пример, ако официјално да се објави дека автопатот ќе го носи името Автопат на добрососедството, ем ќе им ги затне устите на формалните приговарачи, ем ќе даде една нота на историска иронија на целиот инцидент за пософистицираните набљудувачи на балканските состојби.
6 comments:
прашањето е: што е национален интерес тука? автопатот или "идентитетот"
џабе ќе си ги најдеме корените, коа на крај корења за ручек ќе јадеме
Одличен коментар и сосема на место.
Razvigor bravo.
Добра идеја.
Од каде ли потекнува вербата дека со еден ваков потег ќе им се затне устата? Од емпиријата сигурно не. Со години (деценија и нешто)МК не направи ниту еден сличен "провокаторски" гест па сеедно, ГР не попушти ни за милиметар. Затоа, не е името на автопатот провокација. Се е провокација. Главната се вика Македонија. А кога веќе Развигор упаѓа во тој покајнички мод на размислување (што ли би можеле да направиме за да ги одоброволиме Грците), не е лошо да тргне од себе. Развигор, до кога мислиш да се викаш Филип и на тој начин намерно да ги провоцираш сензибилните соседи?
Автопатот - национален интерес!
Вештачки креиран проблем од ултра-националните политики на Грција и од недоветните и моронските идеи со криминални мотиви на Македонија.
Сега ќе решаваме проблем кој не сме ниту требале да го имаме. Кој видел дека автопатиштата имаат име?
Што му фали на А-10, или како веќе се обележува во меѓународната патна мрежа?
Post a Comment