Жарко Трајаноски известува дека во Струга организирана група насилници го попречила одржувањето на трибината на движењето Граѓани за Европска Македонија.
Видеото е снимено на лице место.Организаторите на трибината велат:
Да биде уште пострашно, инцидентот се закануваше да премине во вербална, а бездруго и физичка пресметка меѓу присутните. За атмосферата во која требаше да почне оваа трибина живо сведочат и видео-снимките што нашиот снимател успеа да ги сними, соочен со остри закани и притисоци.
Увидувајќи дека настанот може да прерасне во сериозен инцидент, каков што не му е потребен на градот каде што меѓуетничките тензии еруптираа во изминатите недели, решивме да ја откажеме трибината и да им се извиниме на добронамерните учесници. Во однесувањето на хулиганите лесно препознавме сценарио подготвено во партиско-полициски штабови нашата трибина да се престори во уште една кавга и крвав пир меѓу Стружани.
Истата полиција која со години не ја заштитува безбедноста на учениците во средните училишта пропуштила да го заштити правото на мирно собирање и слободата на говор загарантирани со Уставот на Република Македонија.
За настанов написи објавија А1 ТВ и Волан. За дискусија има простор и на Кајмакот.Член 16Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.
Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање.
Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации.
Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање.
Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање.
Се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање.
Цензурата е забранета.
9 comments:
Кај сте 18 години да држите трибини на кои што ќе им ги објасните на Македонците сите права загарантирани со меѓународни и државни закони и одредби???
THE GENERAL ASSEMBLY proclaims THIS UNIVERSAL DECLARATION OF HUMAN RIGHTS as a common standard of achievement for all peoples and all nations...
Article 1.
* All human beings are born free and equal in dignity and rights.They are endowed with reason and conscience and should act towards one another in a spirit of brotherhood.
Article 2.
* Everyone is entitled to all the rights and freedoms set forth in this Declaration, without distinction of any kind, such as race, colour, sex, language, religion, political or other opinion, national or social origin, property, birth or other status. Furthermore, no distinction shall be made on the basis of the political, jurisdictional or international status of the country or territory to which a person belongs, whether it be independent, trust, non-self-governing or under any other limitation of sovereignty.
Article 3.
* Everyone has the right to life, liberty and security of person.
Article 4.
* No one shall be held in slavery or servitude; slavery and the slave trade shall be prohibited in all their forms.
Article 5.
* No one shall be subjected to torture or to cruel, inhuman or degrading treatment or punishment.
Article 6.
* Everyone has the right to recognition everywhere as a person before the law.
Article 13.
* (1) Everyone has the right to freedom of movement and residence within the borders of each state.
* (2) Everyone has the right to leave any country, including his own, and to return to his country.
Article 15.
* (1) Everyone has the right to a nationality.
* (2) No one shall be arbitrarily deprived of his nationality nor denied the right to change his nationality.
------------------------
да не се искилавите само од тешката просветна дејност која ја вршите!
А се прашавте воопшто дали го слушнавте мислењето на Народот во врска со идеите кои ги ширите? :)
Сердар вон Македон, намената на трибините организирани од движењето Граѓани за Европска Македонија е токму да се чуе мислењето на народот. На нив се поканети сите учесници да го искажат своето мислење.
Значи, кога би ги надминал своите предубедувања, можеби би утврдил дека имаш повеќе заеднички ставови со организаторите на трибините отколку со насилниците кои се обидуваат да ги спречат...
Да те надополнам Филип,гледам политички си се активирал:
Поделбата на Геро и компанија на Македонци и Македоноиди исто така е кривично дело и тоа тие го прават во стек.Така да те молам не се размафтувај многу со законите
Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост
Член 319
(1) Тој којшто со присилба, малтретирање, загрозување на сигурноста, излагање на подбив на националните, етничките или верските симболи, со оштетување туѓи предмети, со сквернавење споменици, гробови или на друг начин ќе предизвика или ќе разгори национална, расна или верска омраза, раздор или нетрпеливост, ќе се казни со затвор од една до пет години.
(2) Тој којшто делото од став 1 го врши со злоупотреба на положбата или на овластувањето или ако поради тие дела дошло до безредие и насилства спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, ќе се казни со затвор од една до десет години.
Никој не ги запира да дебатирааат,да држите трибини,да промовирате идеи,но да го навредуваат народот со кој заедно живеат,(и да навлегуваат во тоа кој како се чувствува) на кој се припадници и вашите и нашите деца,мајки татковци,роднини, пријатели е крајно невоспитано пред се инфантилно и лицемерно.Нека ги прашаат прво дома најблиските ,вашите деца,вашите родители,сопруги,пријатели пред да одите на трибините што се ,дали се македоноиди или Македонци па пишете на блогот да знаеме и ние останатите Македонци.
Точно тоа, сте отисле да изразите мислење и да го чуете гласот на народот.
Тие кои ве избркаа да не беа албански државјани?
кој ви го дал правото да ги етикетирате како насилници и хулигани?
невин додека се докаже кривицата
а и на видеото не гледам никој да ве тепа.
бидете среќни што сте поминале како сте поминале.
не подржувам насилство, ама вие ако немате никакви врски со Македонците и Македонија, има, за среќа, уште многу Македонци.
Не плукајте по работи кои можат некому да се свети.
Арно ви направила.
Кој ве викнал бе, батка, ко мисионери да ги купувате „домородците“? Со шарени стакленца (ветувања за Европа) да ви го дадат златото (идентитетот) што после ќе им го шитнете на газдите?
Кој ве викна? А?
Аха, така и си мислев. Сами се викнавте.
Па и тие луѓето исто се граѓани за македонска Македонија. И што сега?
Здраво, Развигор.
Прво, ти благодарам за објавата на инцидентот во Струга и на поддршката.
Второ, да те известам како поминавме вопм Кичево вечерва. На трибината имаше стотина луѓе, ама пак ни се собраа триесеттина локални букачи. Прво ни посакаа „добредојде“, а потоа фатија да нѐ навредуваат. Но, за среќа, само вербално, таква им била џанам задачата.
Но, ние одговоривме со покана за разговор. Им одговаравме на прашањата и на коментарите без нервоза. И така, нашата дебата (според мене, најдобра досега!) траеше еден час. Потоа букачите ги изгубија нервите, станаа и организирано си заминаа, така како што дошле.
Останаа пристојни кичевчани, кои дури тогаш се осмелија да проговорат. Имавме уште половина ќас убава дебата, слушнавме гласови на разумот. Дебата заврши со аплауз, а кичевчани нѐ поканија пак да дојдеме.
Ете, така изгледаат европските Македонци, за разлика од оние со црни качулки на главите настинати. Затоа, не се обеспокојувај од коментариве на постот, бидејќи кога некои од тие бедни анонимуси би дошле во прилика да се јават и со нас живо да дебатираат, би било баш како во Кичево.
Нема ништо посилно од вистината!
Агресивните ‘фаланги‘ кои ве пречекале и во Струга и во Кичево се продолжена рака и одличје на недемократски, деспотски и авторитарни режими. Само храбро и напред!
"bedni anonimusi" ?
mnogu si elokventen be Gero
ke ti pejme i tebe pesni eden den ko za Ligushev i slicni kodoshi.
mocko eden prodaen, ke go diskreditira so navredi i demagogii sekoj koj ne se soglasuva so nego.
Arno ti pravat, eve ti vetuvam deka ok ke te vidam jas ke ti ja tropnam edna "anonimna" i "makedonoidna" po nosot :)
Фала за информациите. Мислам дека ќе ви биде интересно да ја проследите и дискусијата на оваа тема која се разви и на верзијата на блогов на Блогерај.
Post a Comment