Блекаут

04 February 2009

Пак за лектирите и новиот книжевен канон

Во врска со дискусијата за лектирите, од едно врапче во приватно ја добив следната информација:
...професорите сами ги одредуваат лектирите, иако повеќето се држат до класичните лектирни изданија... сепак има инвентивни професори кои даваат за лектира книги како „Кој ми го украде сиренцето“ и слични, а меѓу лектирите во две штипски училишта се најде и книгата на С.Ц. „Последниот македонски хакер“.
Вклучувањето на книги од едицијата Блог-записи е баш модерно и веројатно врв на ледениот брег. Целиот овој развој на настани е многу интересен и штета што нема (воопшто) официјални информации достапни на интернет во врска со улогата и користењето на лектири и дела во нашиот образовен систем.

Арно ама има еден куп реакции по повод проектот за печатење (но не и дигитално објавување) канон на македонската книжевност апропо досадноста на поранешните лектири и квалитетот на канонизираните дела, кои кријат една тајна. Има и други тајни тука, кои чекаат да ги открие Државниот завод за ревизија некогаш, во некоја иднина.

No comments: