Блекаут

16 February 2008

Земјоморје на А1 ТВ

Прикажувањето на мини-серијата „Земјоморје“, викендов на А1 ТВ ме изненади. Еве неколку информации за оние кои првпат се среќаваат со концептот (Earthsea):
  • Не се работи за средновековна и малку „повозрасна“ верзија на Хари Потер. Првото дело чие дејствие се одвива во овој „универзум“ е напишано 1964 г. од Урсула К. ле Гвин. Светска слава доживува меѓу 1969 и 1974 година, кога се објавени првите три романи „Волшебникот од Земјоморје“, „Гробовите на Атуан“ и „Најдалечниот брег“. Првиот Хари Потер е објавен 1997.

  • Како и при „адаптирање“ на други литературни дела за филм или телевизија, и во овој случај се изменети многу од клучните елементи - особено демографските и политичките. Главниот лик Гед во оригиналот не е русокос белец, туку има расни карактеристики на индијанците. Девојката Тенар е предодредена уште од мала за главна свештеничка, кога на 6 години ја „јадат“ Безимените. Сплетките во манастирот и освојувањето на Рок од Каргаѓаните - немаат врска со книгите.

  • Препорачувам читање. Некои од нив се наоѓаат по нашите библиотеки, во превод на српски (Земљоморје).

1 comment:

Vetime said...

Ма нема што да те изненади Earthsea сериалот на А1. After all, серијата беше прикажувана на кабловска ТВ беѕброј пати во последниве година дена.
Во секој случај тотално си во право дека книгите и серијалот се разликуваат. Романтичните души нека не се замараат оти во книгите романтика е спореден факт, а љубовта, онаква каква што се пропагира во америчките филмови и серијали, не постои.
Книгите се закон и дефинитивно worth being read!