Блекаут

04 December 2008

Ние сме мајмуни (apes)

Реагирам на постирањето линк за симнување на филмот „Планетата на мајмуните“ на насловна на Блогерај. Премисата на тој постапокалиптичен филм е дека нели, „мајмуните“ ги заменуваат луѓето како господари на Земјата.

Арно ама, и луѓето во било која смисла освен религиозна самобендисаност се интегрален дел од големите мајмуни (apes). Ние сме дел од таа подгрупа на приматите и како што нагласува биологот Ричард Докинс, нема ниеден научен критериум според кој ние би биле издвоени од блиските роднини шимпанзи, горили и орангутани со кои делиме огромен процент на генетски материјал.

И кога тие прават нешто „човечко“, тоа не е затоа што нè имитираат, туку затоа што им е својствено исто колку и нам. И обратно - планетава и сега е планета на мајмуните - затоа што ние сме главни.

No comments: